Канли Чаир (Дамјан)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Канли Чаир или Бојковци археолошко наоѓалиште во радовишкото село Дамјан. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа северозападно од селото, во долината на реката Тополница, опкружена со рудните масиви на Дамјан и Бучим. Се работи за поголем простор сместен помеѓу магистралниот пат Штип - Радовиш - Струмица и десниот брег на реката, кој со мал дел навлегува и во атарот на селото Бучим. Во 1987 и 1988 година Музеј на Македонија извршил заштитни ископувања со кои е пронајдена повеќеслојна неолитска населба со остатоци од три хоризонти на живеење. Според типолошките одлики на археолошките наоди, првите два хоризонта се од времето на раниот и средниот неолити - припаѓаат на културната група Амзабегово-Вршник. Третиот хоризонт претставува нова културна појава што тесно се врзува за доцниот неолит, и тоа за културната група Ангелци-Зелениково II. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads