Карадере (Драмско)

поранешно село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Карадере (Драмско)map
Remove ads

Карадере или Кара Дере (грчки: Ελατιάς, Елатијас; до 1927 г. Καρά Ντερέ, Кара Дере[1][2]) — напуштено село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Драма во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Карадере Ελατιάς, Земја ...
Remove ads

Географија

Карадере се наоѓа на југозападните падини на Родопите, на истоимената река Карадере. влегува во историско-географската област Рупча (Рупчос), а управно се граничи со општината Бук. Соседни села се Каинчен, Дереќој, Пулово, Черњагово (Чернак) и Горно и Долно Алиќој, кои исто така се запустени. Селото било сместено на планината Карадере во која се одвива. Местото на кое се наоѓало селото денес се нарекува Кутра и претставуа центар за шумарска дејност. Оддалечено е на 72 км од градот Драма и 22 км до Љубан.

Remove ads

Историја

Во Отоманското Царство

Според Стојо Шишков, кон крајот на XIX век селото Карадере било село во Рупчанската каза и населението се состоело од Македонци-муслимани (помаци).[3][4]

Во Грција

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчката статистика, во 1913 г. во Карадере (Καρά Ντερέ) живееле 274 лица.[5]

Во 1922 г. селото имало 153 жители, но во 1923 г. е напуштено. Грчките власти вршеле репресии врз населението во регионот со убивање и прогонување. Жителите на Карадере се преселиле во Турција или во селата од пиринската страна на областа Чеч (тогаш во Бугарија). Во 1927 г. селото е преименувано во Елатија (Ελατιά).[2] Во селото не се доведени грчки доселеници од Турција поради малиот број куќи, оддалеченоста и тешкиот терен. Во 1928 г. на ова место се попишани 32 мажи, поради тоа што тука бил сместен пограничен вод.[5]

Сепак, денес местото е центар на шумарското подрачје Карадере кое се простира крај границата со Бугарија. Во селото има стопански објекти и колиби кои ги користат туристи. Летно време толку многу посетители што нема доволно легла, па затоа се поставува шаторски логор.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads