Караникола

From Wikipedia, the free encyclopedia

Караникола
Remove ads

Караникола (познат и како: Караниколица) е планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија[1]. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.409 метри. Врвот се наоѓа северозападно од градот Тетово, на границата со Косово на координатите 42°05' северна географска широчина и 20°49' источна географска должина.[2]. Неговата местоположба се наоѓа токму на средишниот дел на главниот срт на протегање на Шар Планина, речиси на половината на неговото протегање недалеку од местото каде го менува правецот на протегање од северозапад кон југ, а на неговото јужно подножје на македонска страна се наоѓаат преубавото Караниколичко Езеро и Мал Ѓол.

Повеќе информации Караникола ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads