Карате
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карате (Јап. 空手 - празна рака) е јапонска боречка вештина која ги користи сите делови на телото со цел за самоодбрана. Зборот на јапонски значи празна рака. Се појавува во 16 век на островот Окинава. Карате вештината за прв пат се споменува како То-Де односно Кинеска Рака. Првите карате стилови биле именувани по местата каде што се практикувале, а тоа биле области кои биле близу едни до други на Окинава, така ги имаме: Шури-те, Наха-те и Томари-те како првични стилови. Последователно во 20 век настануваат стиловите Гоџу-Рју, Шито-Рју, Вадо-Рју, Шотокан и други... Првиот којшто почнал да го усовршува Шотокан Карате стилот се викал Фунакоши Гичин, 20 век околу 1920 година, по барање на Јапонската влада. Повеќето од ударите во каратето се преземени од кинескиот бокс (кунг фу) односно од провинцијата Фуџијан и големо влијание имал кунг-фу стилот ,,Белиот Штрк".
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Историја
Етимологија
Карате 空手 (јапонски - празна рака). Додатакот до 道 се додава поради истакнување на филозофијата на каратето и неговото значење како и во животниот пат. До триесеттите години во 20. век карате на јапoнски се пишувало со 唐手, што значи кинеска рака. Ова се зборови кои биле наводно во врска со Кином Танг-династија (618 до 907 година). Со тоа кинеското потекло на оваа боречка вештина е истакнато во самото име. Потоа во Јапонија поради политички причини (национализам) каратето почнало да се пишува 空手, односно празна рака. Новите букви исто така се читале кара-те и се одговарале исто, т.е да се бори главно со голи раце без оружје.
Потекло
Според легендите во 6-ти век будистичкиот монах Таиши Бодидарма од Канчи Пурама во јужна Индија дошол во кинескиот манастир Шаолин (јап. Шоринји) и тука не само што ја основал школата за Зен-будизам, туку и монасите ги упатил во посебни телесни вежби како би ги издржале долгите медитирања. Така настанал познатиот шаолински кунг фу (правилно транскрибирано кванфа, јап. кемпо), од кој се развиле најголем број на кинески боречки вештини. Бидејќи и каратето знае за своето кинеско потекло, себе исто така се гледа за наследник на оваа традиција, чија историска вистина е сомнителна.
Од Кина на Окинава
Каратето во денешниот облик настанало на тихоокеанските риукиу-острови, особено на главниот остров Окинава. Окинава се наоѓа околу 600 километри јужно од Јапонските централни острови во Јужнокинеското Море и денес е најјужна јапонска префектура. Во 14-ти век Окинава, тогашно едно самостојно кралство, имало тесни трговски контакти со Јапонија, Кина и Кореја. Урбанистичките центри на островот, Наха, Шури и Томари, биле во значајна трговска средина и нуделе жив форум на културни размени со кинеското копно. Со тоа на Окинава престигнале и првите впечатоци на кинески боречки вештини од кванфа/кемпо, каде се измешале со домашни боречки вештини од те/де и се развиле во тоде и окинава-те. Тоа буквално преведено значи рака, а во понатамошна смисла значи рачна техника. Првобитното име за карате, окинава-те, може да се преведе исто како рачна техника од Окинава (се мисли на разни техники севкупно).
Економскиот значај на риукиу-островите доведува до постојани немири и востанија. Во 1416 година кралот Шо Шин (Шо Хаши) успеал да ги обедини сите острови. Поради одржување на мирот кај побунетиот народ забранил носење на оружје. За да ги контролира сите региони, ги обврзал сите локални кнезови на трајно присуство во својот дворец во Шури - овој начин на контрола подоцна го преземал јапонски токугава-шогуни. Поради забрана на оружје, боречката вештина окинава-те станувала сè поомилена и многу негови мајстори патувале за Кина да се усовршат во кванфау (кунг-фу).
Во 1609 година јапонскиот Сацума (Сатсума)-клан го заземал риукиу островот, и неговот намесник на Окинава, Шимацу, ја заострил забраната со оружје во таква мера, што носењето на какво било оружје, па и церемонијалните, било строго казнувало. Оваа забрана за носење на оружје се нарекувало катанагари, што би значело „лов на мечеви“. Мечеви, ками, ножеви и сите остри алатки биле систематски забранети. Се одело сè до тоа, да во едно село се признавал само еден единствен нож, со конец врзан за селскиот бунар (или на друго централно место) и строго зачуван. Заострената забрана на оружје требало да ги прекине немирите и наоружаниот отпор против новите владетели. Меѓутоа, јапонските самураи имале право на т.н „проба на мечеви“, по која острината на својот меч можеле да ја испробуваат на лешевите, ранените но и самоволно на селаните, што се и случило. Така јапонската анексија довела до зголемување на потребата за самоодбрана, каде според тоа на феудалната Окинава фалеле полициската управа и правните постапки, кои поединците би ги штителе самоволно другите. Недостаток на правните институции и зголемување на потреба за самоодбрана од самоволни нови владетели покренале, процес на интензивирање и субтилизирање од те (боречки систем) во карате (боречка вештина).
Процесот траел околу дваесет години каде што големите мајстори на окинава-те се соединиле во еден опозиционенсојуз и одредиле да се окинава-те во иднина предаде тајно и единствено на избрени луѓе.
Во меѓувреме во селското становниште се развило таканаречено кобудо, орудијата и секојдневните работи во кобудо вештината пак со своите специјални техники се употребувале како оружје. Притоа се изгубени спиритуелни, ментални и здравствени аспекти, како што биле во кванфау (кунг-фу). Во ефицијентност борбените вештини не се вежбале техниките, кои со себе носеле непотребни ризици. Кобудо и неговата алатка и секојдневните работи кои се изведени со оружје не можеле од самите економски причини да бидат забранети, бидејќи едноставно служеле за снабдување на селаните. Но сепак било многу тешко да се спротивстават со таквото оружје на еден усовршен и добро наоружан воин.
Поради тоа на Окинава се развило и Кобудо кое се изучувало заедно со каратето. Главни оружја во кобудо биле саи ножеви, бо стап, џо стап и нинчаки.
Remove ads
Термини од карате
- јапонски јазик - македонски јазик;
- Поздрави:
- Реи - поздрав на учителот
- Осс - поздрав кон партнер/ученик
- Основни ставови:
- Дачи - став
- Јои дачи - подготвителен став
- Киба дачи - потклеткнат став
- Зенкутсу дачи - преден став
- Наокаши дачи - мачка став
- Основни термини:
- Хаџиме - почни
- Јаме - стоп
- Мавате - ротација
- Сенсеи - учител
- Семпаи - поздрав кон стар мајстор
- Киме - испуштање воздух за време на удар
- Камаи - борбен став
- Доџо - просторија за вежбање на Јапонска боречка вештина
- Киаи - гласен извик при важен удар
- Ваза - техника
- Учи ваза - рачен удар
- Гери ваза - ножен удар
- Џодан - глава
- Чудан - тело
- Кумите - борба
- Кихон - техника
- Ката - форма
- Броење:
- Ич - еден
- Ни - два
- Сан - три
- Ши - четири
- Го - пет
- Рок - шест
- Хич - седум
- Хач - осум
- Ку - девет
- Џу - десет
| Оваа статија од областа на спортот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
