Караџалар
село во Општина Радовиш From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Караџалар — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено на јужните падини на Плачковица, северно од Радовиш, меѓу Штурово на југозапад и Чешме Маале на север. Атарот е мошне мал, со површина од 2,5 км2.[3]
Историја
Подрачјето на Караџалар е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Асарлак на 3-4 км северно од селото.[4]
Во XIX век Караџалар било турско село во Радовишка каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Караџалиите имало 100 жители, сите Турци.[5]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Караџали живееле 37 Турци.[6]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[7]
Населението на Караџалар стрмоглаво опаднало во текот на 1950-тите поради иселувањето на Турците од Македонија. Од 118 жители во 1953 г. се свело на само 16 во 1961 г. Во текот на 1960-тите селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Караџалар немал ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Асарлак — населба од средниот век
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads