Карвансарај
вид на престојувалиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карвансарај[1][2] — гостилница со преноќиште, за одмор на патниците што патуваат со караван и со голем двор за сместување на коњите и стоката при нивното долго патување. Главно се наоѓале во Азија, Северна Африка и Југоисточна Европа. Карвансараите значително придонеле за создавање на Патот на свилата.

Караванските станици биле сместени на места што обезбедувале одмор и сместување за луѓето и товарните животни, складишта за стоката и заштита на учесниците во караванот. Овие места се наоѓале покрај патиштата. Застанувањето на караванот значело можност за понуда на сместување за луѓе и стоки, закрепнување, замена на коњи, но и размена на стоки (купување и продавање), така што многу каравански станици на крајот прераснале во трговишта.
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads