Карлајл

From Wikipedia, the free encyclopedia

Карлајл
Remove ads

Карлајл (англ. Carlisle) ― град во северозападна Англија и главен град на грофовијата Камбрија (Камберленд). Карлајл се наоѓа на 13 километри од шкотската граница. Градот е сместен на сливот од 3 реки: Иден, Колдју и Петерил.

Кратки факти Население, - Лондон ...

Карлајл бил основан како римска населба за да служи како упориште долж Адријановиот ѕид во Римска Британија. Во IX век, градот бил уништен од Данците, а подоцна бил обновен од Вилијам Црвениот. Поради близината со Шкотска, тврдината во Карлајл (изградена од Вилијам Црвениот) и градот станале важно воено упориште во средниот век. Замокот служел како затвор за шкотската кралица Мери во 1568 година.

Во 19 век, за време на индустриската револуција, започнал процес на социоекономска трансформација на Карлајл, кој прераснал во густо населен мелнички град. Ова, заедно со неговата стратешка местоположба, му овозможило на Карлајл да се развие како важен железнички град, со седум железнички компании кои ја делат железничката станица. Во близина на градот има аеродром. Исто така во градот се наоѓа Камбрискиот универзитет и има многу музеи.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads