Карлово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карлово (бугарски: Карлово) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Карлово во Пловдивската Област. Има население од околу 21.865 жители (2022).[1]
Градот е сместен на двата брега на реката Стрjама, во Стрjамската Котлина, меѓу Стара планина и Тракиjа. Низ градот минува железничка линиja мегу Европа и Црно Море. Во Карлово се наоѓа 61-ва Стрjaмска механизирана бригада на Бугарската воjска.
Карловски минерални бани (Бањa, Царска Бањa) е рекреативен центар крај Карлово, сместен во Долината на розите. Одморалиштето е балнеолошки центар во Бугариjа со топли базени и спа-хотели, каде се лекуват многу кардиоваскуларни и болести на дишните патишта.
Remove ads
Меѓу наjпознатите храни и пијалаци во регионот се: Карловска луканка, Карловска гроздова ракиjа, Карловски мискет, Карловска анасонлиjка - најмногу ракиjа со анасон се пие во Карлово и Асеновград.
Основно индустриско производство: Фабрика за трактори, каде се произведува тракторот "Болгар"; "Бугарска роза" АД — производство на козметика; "Бони Оборот" — месарска индустрија и други. Во регионот на Карлово дел од земјоделството се етерично-маслените култури (лавандула, маслодаjна роза).
Познати личности
- Ботјо Петков, учител, татко на Христо Ботев (1815–1869)
- Васил Левски (Васил Иванов Кунчев), бугарски национален хероj, (1837–1873)
- Евлоги Георгиев, претприемач (1819-1897)
- Иван Богоров, бугарски писател (ок. 1820 – 1892)
- Марија Симова (1920-1977), театарска артистка и драматург
- Христо Проданов (1943-1984), алпинист
- Лазар Лазаров (1941-2006), сликар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads