Лазар Лазаров

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Лазар Лазаров (роден на 2 февруари 1945 година во Зрновци - починал на 14 мај 2020 година во Скопје) — македонски професор.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Кочани и дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја во Скопје (1966-1970). Извесно време бил професор во гимназијата „Георги Димитров” работел во РСВР – Скопје и потоа во ИНИ во Одделението за Народноослободителната војна и најновата историја (1971-2004). Магистрирал на темата „Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на Македонија (1944-1948)” (1975) и докторирал на „Општествено-економскиот развој на НР Македонија (1944-1957)” (1984).

Подоцна преминал на работа во ФОН во Скопје (2004).

Remove ads

Библиографија

  • Општествено-политичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, ИНИ, Скопје, 1979;
  • Зрновци, Кочани, 1980 (со соавтор);
  • Општествено-економскиот развој на НР Македонија во периодот на обновата и индустријализацијата на НР Македонија 1944-1957, Скопје, 1988;
  • ВМРО низ француската документација, Скопје, 1997.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads