Карл XII
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карл XII (шведски: Karl XII) Вителсбах, нарекуван и Северниот Александар, бил крал на Шведска од 1697 до неговата смрт во 1718 година. Од Османлиите е нарекуван Демирбаш Шарл (Demirbaş Şarl). Тој е четвртиот крал од династија Вителсбах. Го наследил татко му на само 14 години на престолот на една од најмоќните држави во Европа. Русија, Данска, Полска и Прусија биле исплашени од силата на Шведското Царство и ја нападнале користејќи го малолетството на кралот (Големата Северна војна, 1700-1721). Карл покажал особени способности како полковник и последователно ги разрушил противниците. Но тој ги немал способностите на стратег и политичар и ја истоштувал земјата со непрекинати безрезултатни војни. Битката кај Полтава (1709) го навестила крајот на Шведското Царство. Карл бил ранет, паднал во кома и едвај бил спасен. Како бегалец бил примен од турскиот султан кој му обеќал помош. Минувајќи по земјите на Странџа, селаните масовно ги крстеле своите деца по него. И до ден денес има луѓе од тој крај кои се викаат Карл. Подоцна се враќа за да ја продолжи војната. За време на една опсада е убиен од случаен куршум, испукан од страна на Швеѓаните.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Remove ads
Надворешни врски
- Северната војна и Карл XII Архивирано на 20 октомври 2017 г. (англиски)
- Карл XII и неговиот живот и смрт Архивирано на 6 април 2005 г. (шведски)
| Оваа биографска статија за личност од Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
