Карнавале
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карнавале е музеј во Париз е посветен на историјата на градот. Музејот опфаќа две соседни згради: Хотел Карнавале и поранешниот Хотел Ле Пелетје де Сен Фарго. По совет на баронот Осман, државен службеник кој го изменил ликот на Париз, во втората половина на 19 век, хотелот Карнавале бил купен од страна на Советот на општината Париз во 1866. Тој бил отворен за јавноста во 1880 година. Во вториот дел од 20 век, музејот веќе бил во полн капацитет. Хотелот Ле Пелетје де Сен Фарго бил припоен кон Карнавале и отворен за јавноста во 1989 година.[2]
Карнавале е еден од 14-те градски музеи на Париз кои од 1 јануари 2013 станале дел од јавната институција Париски музеи. Музејот е затворен поради реновирање до крајот на 2019.
Remove ads
Збирки
Во дворот една прекрасна скулптура на Луј XIV, ги поздравува посетителите.[3] Во внатрешноста на музејот, поставките ја покажуваат трансформацијата на селото Лутеција, населено од галското племе Паризии,[4] во денешниот голем град Париз, кој брои околу 2,201,578 жители.[5]
Карнавале поседува збирка од 2,600 слики, 20.000 цртежи, 300,000 гравури и 150,000 фотографии, 2,000 модерни скулптури и 800 делови мебел, илјадници парчиња керамика, многу украси, модели и релјефи, знаци, илјадници монети, безброј предмети, многу од нив сувенири на познати ликови и илјадници археолошки фрагменти. Периодот наречен Модерно време, кој се протега од ренесансата до денес главно е познат по огромното количество на слики од градот. Постојат многу слики од улиците и спомениците на Париз од 16 до 20 век, но исто така, и многу портрети на ликовите кои одиграле улога во историјата на главниот град и дела кои покажуваат настани што се случиле во Париз, особено многуте револуции кои го потресувале градот, како и многу сцени од секојдневниот живот, од сите социјални класи.[6]
Лутеција
- Долги тесни кануа направен од стебло (француски: pirogues), кои датираат уште пред првиот пишан опис на селото (познато во тоа време како Лутеција) во 52 година од нашата ера, во делото на Јулиј Цезар За галската војна (латински: De bello Gallico).[7][8]
- Убаво шише од четвртиот век кое се користело за парфем, вино или мед[9]
Средновековен град
- Раскошен ковчег од 13 век, кој веројатно потекнува од кралската Опатија Сен Дени[10]
- Добро зачувана скулптура од главата на Богородица од 14 век. Градот во овој период бил погоден од немили настани што го уништувале: Стогодишната војна и Големата чума од 1348[11]
Ренесансата и Верските војни
- Слики од 16 век, со познати луѓе од тоа време, вклучувајќи Франсоа I, Катерина Медичи и Анри IV.[12]
- Слика од Пон неф околу 1660 која покажува група парижани на коњи или пеш,некој продавач кој ги покажува своите производи на група на заинтересирани и човек кој чекори носејќи товар на грбот.[13]
- Неколку слики кои ја прикауваат Мадам де Севиње, која се сметала за најубавата жена во Париз[14]
Француска револуција
- Познатата незавршено слика од Жак-Луј Давид, Заклетва на тениско игралиште (1789), која го отсликува клучниот настан во француската историја кога членовите на Националното собрание положуваат заклетва дека дека нема да се распуштат додека не помине "цврст и правичен Уставот."[15] Овој настан е често се смета како почеток на Француската револуција.
- Слики кои ја покажуваат одмаздата на луѓето врз Бастиља, зандана која станата "симбол на произволноста на кралската моќ."[16]
- Слики или скулптури на познатите глумци во драмата на Револуцијата, вклучувајќи ги Мирабо, Дантон, Робеспјер и кралското семејство[17]
- Слика од погубување на гилотина на плоштадот на Револуцијата, од Пјер-Антоан Демоши: судбина каква што доживеале кралот Луј XVI, Кралицата Марија Антоанета, ројалистите, жирондинците, ебертистите, дантонистите, Робеспјер и неговите следбеници и многу други[18]
- Лични нешта кои припаѓале на Марија Антоанета.[19]
- Хартија на која Робеспјер делумно го напишал неговиот потпис, кога бил приведен од војниците на Националната Конвенција.[20]
Париз, престолнина од XIX век

- Наполеоновата омилена хигиенска кутија за лични предмети[21]
- Слики од почетокот на 19 век во Париз[22]
- Слика која отсликува еден од најважните моменти на Јулската револуција: Освојување на Лувр, 29 јули 1830 година, од страна на Жан-Луј Безар[23]
- Прекрасни скулптури на парижани од тоа време, некои реални портрети, други карикатури, од страна на Жан-Пјер Дантан[24]
- Раскошна лулка на кралскиот принц Луј Наполеон Бонапарт, син на царот Наполеон III и царицата Евгенија[25]
- Прикажани постери од Убавата епоха[26]
- Реални слики од крајот на 19 век во Париз.[27]
- Златен часовник кој му припаѓал на Емил Зола
- Слика од конструкцијата на Статуата на слободата, која била подарена на САД во парчиња[28]
- Сликите од Универзалната изложба, вклучувајќи ја и онаа на Ајфеловата кула, која била специјално изградена по повод овој настан. Истите се користеле во анимираниот филм Аристократи на Волт Дизни од1970 година.
Париз во дваесеттиот век

- Реконструкција со оригинален мебел на просторијата каде Марсел Пруст го напишал делото Во потрага по изгубеното време[29]
- Фотографии од 20 век во Париз од страна на Ежен Атже и Анри Картие-Бресон[30]
- Стилизирана слика на преполното бистро на средината на 1900, од страна на натурализираниот јапонски уметник, Леонард Фуџита[31]
- Фотографија во дагеротип, на Форумот на Халите, од страна на двајца американски фотографи во 1989 година, по повод изложбата кога во Карнавале се прославила 150 годишнина од пронајдокот на фотографијата[32]
Remove ads
Зградите
- Хотел Карнавале
Во 1548 година, Жак де Лињери, претседател на Паришкото собрание, ја наредил изградбата на зградата која ќе биде позната како Хотел Карнавале. Изградбата била завршена околу 1560 година. Во 1578, вдовицата на Франсоа де Керневеноа, Бретонец чие име било изговорено на француски јазик како Карнавале, ја купила зградата. Во 1654 година, зградата била купена од страна на Клод Боизлев, кој го овластил добро познатиот архитект, Франсоа Мансар, да направи големо реновирање. Мадам де Севиње, писателката позната по нејзината епистоларна книжевност, живеела во хотелот Карнавале од 1677 до нејзината смрт во 1696 година.[33]
- Хотел Ле Пелетје де Сен Фарго
Хотелот Ле Пелетје де Сен Фарго, исто така, бил изграден во средината на 16 век. Тој бил првично познат како Хотел Доргевал. Бил купен од страна на Мишел Ле Пелетје и останал во наследство на неговиот внук, Ле Пелетје де Сен Фарго кој бил претставник на аристократите во Собранието на сталежот од 1789 година. Во 1793 година, Ле Пелетје гласал за погубувањето на Луј XVI, и бил убиен, во одмазда заради неговиот глас, истиот ден кога кралот бил погубен на 20 јануари, 1793.[34]
- Статуата на Луј 14, на влезот во музејот
- Централната градина на Карнавале
Remove ads
Поврзано
- Жан-Франсоа Ежен Робине, куратор од 1891 година[35]
- Жан Робике, куратор во првата половина на 20 век
- Список на музеите во Париз
Наводи
Користена литература:
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads