Карпалак

клисура во западна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Карпалак
Remove ads

Карпалак — месност односно клисура околу средината на автопатот Скопје - Тетово. Во непосредна близина се наоѓа планината Жеден. Селата околу Карпалак се со исклучително албанско население.

Thumb
Автопатот „Мајка Тереза“ делница Скопје - Тетово во теснината-клисура Карпалак, каде се случи заседата на македонските бранители
Thumb
Почнување на клисурата Карпалак

За време на воениот конфликт во 2001 година, месноста Карпалак за македонската јавност и пошироко стана позната откако на автопатот во заседа е нападнат армискиот конвој, при што подмолно и на кукавички начин се масакрирани десет војници од резервниот состав на АРМ. Настанот се случил надвор од воената зона. Припадниците на терористичката ОНА не само што ја изврши заседата, исто така го имаат минирано целиот автопат, но не успеаја да го дигнат автопатот во воздух и да го спречат доведувањето на единиците од Скопје за Тетово иако имаа подготвено и поставено 200 килограми експлозив.[1]

Причината што не успеаја е поради тоа што хеликоптерите беа во воздух за пратење на колоната тенкови и транспортери за планираната операција и за 10 - 15 минути отпочнаа со борбено дејство во реонот каде што беше организирана заседата и не успеаја да го активираат експлозивот. Подоцна, на позициите каде што беа терористите, пронајдени беа жиците за активирање на експлозивот и по нив беше пронајден експлозивот во каналот на автопатот веднаш деминиран, поставен во пропусниот канал под автопатот.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads