Касапли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Касаплиmap
Remove ads

Касапли (грчки: Υψηλό, Ипсило)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Касапли Υψηλό, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри јужно од градот Драма и на 9 километри источно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 104 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 310 жители[3].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1953 година, селото било преименувано во Ипсило[4].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 133 грчки семејства со 565 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 565 лица, додека во 1940 година селото броело 312 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 333 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 283 жители, во 1971 година имало 158 жители, во 1981 година имало 101 жител, додека во 1991 година имало 71 жител[6]. Денеска, населението на селото е 50 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads