Кастељон (покраина)

покраина во Валенсија, Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кастељон (покраина)map
Remove ads

Кастељон (шпански: Castellón), службено: Кастељо (Valencian: Castelló) — покраина на северот на автономната заедница Валенсија, западна Шпанија. Се граничи со покраините Валенсија на југ, Теруел на запад, Тарагона на север и Средоземното Море на исток.[1] На западната страна на покраината се Ибериските Планини.

Кратки факти Кастељон CastellónCastelló, Земја ...
Thumb
Населени места во Кастељон со повеќе од 7.000 жители (2005).
Remove ads

Географија

Главен град на Кастељон е Кастељон де ла Плана. Покраината имала 579.962 жители на почетокот од 2019 г.[2] од кои 30 % живееле во главниот град, 60 % во неговото метрополско подрачје, а 85 % долж брегот. Покраината станала симбол за неразумно трошење на средства пред финансиската криза од 2008-2014 г. Особен пример за ова е големиот, но малопрометен аеродром.

Луѓето во Кастељон се двојазични — говорат шпански, како и месниот валенсиски.

Друго поголеми градови во покраината се Виљареал (Вила-реал), Боријана, Ла Ваљ д’Ујшо и Винарос. Целиот Кастељон е поделен на 135 општини.

Највисока планина во Кастељон е Пењаголоза, втора по висина во Валенсија.

Низ покраината минува гриничкиот меридијан. На разни места има споменици кои го бележат точното минување на меридијанот.[3]

Развој на населението

Ова е населението на Кастељон низ годините:

Remove ads

Стопанство

Традиционални стопански гранки на Кастељон се одгледувањето на агруми и зеленчук (Нулес and Беникарло). Во XVII век почнала да се развива важна индустрија за керамика и плочки (Онда, Л’Алкора, Нулес, Кастељон де ла Плана и Виљареал); дури и и денес највеќето производители на плочки во Шпанија се во оваа покраина. Присутно е производството на мебел (Беникарио и Винарос) и хемиската индустрија (Беникарло и Кастељон). Во Кастењон де ла Плана има голема нафтена рафинерија.

Меѓу традиционалните занимања се вбројуваат изработката на обувки (Ла Ваљ д’Ујшо), рибарството (Кастељон, Винарос) и ткаенини (Виљафранка и Мореља), но тие денес тие се запоставени за сметка на услужната дејност поради развојот на туризмот.

Remove ads

Туризам

Thumb
Поглед на Пењискола

Кастељон има разнообразни предели и културно наследство, што оди во прилог на развојот на туризмот. Најголеми приморски летувалишта се Беникасим, Оропеса, Винарос, Боријана, Пењискола, Беникарло и др. Во внатрешноста постојат услови за селски туризам, а привлечни се и старите паланки како Мореља, Вилафамес, Сант Матеу, Сегорбе, минералните извори во Монтанехос, Бенасал, Кати итн.

Преку 50 % од хотелските легла се сосредоточени во Пењискола, трета по туристичка популарност во Валенсија по Бенидорм и Валенсија.

Окрузи

Покраината историски се дели на следниве окрузи:

  • Алкалтен
  • Алт Маестрат
  • Алто Михарес
  • Алто Палансија
  • Вајш Маестрат
  • Плана Алта
  • Плана Бајша
  • Портс

Поврзано

  • Список на општини во Кастељон

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads