Тарагона (покраина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тарагона (покраина)
Remove ads

Тарагона - покраина во јужниот дел на Каталонија. Граничи со покраините Кастељон, Теруел, Сарагоса, Љеида и Барселона и со Средоземното Море.

Thumb
Поглед над пристанишниот град Тарагона
Кратки факти Тарагона, Покраина ТарагонаProvíncia de Tarragona (каталонски) Provincia de Tarragona (шпански) ...

Населението во покраината е 795.902 (2018), од кои околу една петтина живеат во главниот град Тарагона. Некои од поголемите градови во покраината Тарагона се Реус, Салоу, Ел Вандрељ, Тортоса, Ваљс, Ампоста. Оваа покраина има 183 општини. Покраината има неколку места за светско наследство и е познато туристичко одредиште. Постојат римокатолички катедрали во Тарагона и Тортоса.

Remove ads

Историја

По омеидското освојување на Хиспанија кон крајот на осмиот век, овој дел на Шпанија се нашол под контрола на Омеидскиот калифат и повеќето од Иберскиот Полуостров бил познат како Ал-Андалус, а во него доминирале муслиманските владетели. Абд ал-Рахман I основал независна династија која опстанала во регионот сè до 11 век. После освојувањето на муслиманите, епископската Тарагона се наоѓала под јурисдикција на митрополитите на Нарбона или Ош во јужна Франција. Во 1089 година, ова било реорганизирано, и таа била под јурисдикција на Вичката епископија, а во 1118 година, откако била преосвоена Тарагона, била основана Римокатоличката архиепископија Тарагона.[1]

Remove ads

Географија

Покраината Тарагона е на североисток на Шпанија со брег на Средоземното море. Голем дел од покраината е ридски или планински и главно обележје е широката долина на реката Ебро и крајбрежната рамнина во која во позадина ѝ се каталонските гори. Општо, индустрискиот развој е на брегот, а внатрешноста е претежно шумска и земјоделско земјиште. Средоземното море лежи на југоисток од покраината, покраината Барселона лежи на североисток, Љеида лежи на север, Сарагоса на северозапад, Теруел на запад и Кастељон на југозапад.[2] Климата е средоземна со топли, суви лета и топла, влажна зима.[3]

Областа на покраината е 6,500 км2. Главните земјоделски култури се житарки, грозје, овошје, маслинки, коноп и свила. Покраината има некои минерални суровини; пронајдени се бакар, олово и сребро, а варовник и мермер се ископуваат.[4] Ископувањата како ресурс предизвикале опаѓање на нивото на подземните води и околината е погодена од пристигнувањето на инвазивни видови како што е школката зебра мусел во резервоарот Риба-роја д'Eбре на Ебро, инвазивната риба Гамбусија во делтата на Ебро и загадувањето со хемикалии во резервоарот Фликс покрај кој има хемиски индустрии и хидроцентрала.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads