Катанѕаро

општина во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia

Катанѕароmap
Remove ads

Катанѕаро (италијански: Catanzaro) е град во Италија. Катанѕаро е административен центар на провинцијата Калабрија во јужниот дел на земјата и главен град на истоимениот округ Катанѕаро. Сепак, овој град не е најголемиот град и економското „срце“ на покраината, тоа е Реџо ди Калабрија.

Кратки факти Катанзаро, Земја ...

Катанѕаро е познат како „Град три В “:

  • Свети Виталино, заштитник на градот;
  • Сомот, градот бил важен трговски центар за свила уште од времето на Византија;
  • Ветер, градот е познат по силните ветрови од блиското Јонско Море.
Remove ads

Природни одлики

Thumb
Катанѕаро е поделен на три рида, поврзани со мостови

Катанѕаро се наоѓа во јужна Италија. Градот е 616 километри јужно од главниот град Рим и 160 километри североисточно од Реџо ди Калабрија.

Релјеф

Катанѕаро се наоѓа во централниот дел на Калабрија, на местото каде што полуостровот е најтесен. Се развил на три стрмни ридови над крајбрежната рамнина на Јонското Море, сместено југоисточно од градот (10 км). Поради близината до морето, градот се наоѓа на надморско ниво од околу 340 м (центар на градот), а неговата положба на ридовите над рамнината му дава на Катанѕаро специфичност.

Клима

Климата во Катанѕаро е изменета средоземна поради надморската височина.

Вода

Катанѕаро е поставен многу високо и затоа нема поголеми водотеци, но низ градот течат неколку мали потоци.

Remove ads

Историја

Иако областа во која се наоѓа градот има долга историја, Катанѕаро не е толку стар град. Населбата на местото на денешниот град се појавила некаде во 10 или 11 век. со доаѓањето на Норманите на овие простори. Населбата била тврдина и како таква го бранела блискиот византиски град Скилетон, кој, како приморски град, бил постојано напаѓан.

Во 1860 годинаградот се приклучил на новооснованата Италија.

Во 1970 година Катанѕаро станал провинциски центар по бунтот во тогашниот главен град Реџо ди Калабрија.

Remove ads

Популација

Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 89.364 жители.[1]

Демографија
1931 1936 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
40.533 45.400 59.969 74.037 86.284 100.832 96.614 95.251 89.364

Во 2008 година Катанѕаро имал околу 94.000 жители, 3 пати повеќе отколку на почетокот на 20 век.

Говорот на локалното население е близок до сицилијанскиот дијалект, а во него се чувствува значајното влијание на грчкиот јазик.

Економија

Катанѕаро, како провинциски центар, има развиен терцијарен (трговија, услуги) и кватернарен сектор (администрација, образование, банки). Индустријата е претежно во форма на мали бизниси.

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads