Кауерн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кауерн (германски: Kauern) — општина во округот Грајц, во Тирингија, Германија.
Remove ads
Географија
Соседни општини
Општини близу Кауерн се Хилберсдорф и Ронебург во округот Грајц, како и слободниот град Гера.
Општински единици
Кауерн има две единици: Лихтенберг и Лојч.
Историја
Кауерн е првпат споменат во документите во 1465, кога владетелот на Рудениц започнал да го гради дворецот кај Кауерн. Селото Кауерн припаѓала на војводството Саксо-Алтенбург и одржувало тесна врска со блискиот град Ронебург, кој се развил во текот на годините.
Во 1958, советско-германската компанија SDAG Wismut ја започнала изградбата на отворен коп за ураниум во Лихтенберг. До 1976 била создадена дупка од 240 метри. Потоа, ископувањето на ураниум во рудникот престанало, бидејќи продолжувањето било невозможно поради близината на Ронебург и рудникот Шмирхау. Во 1990, рудникот бил делумно пополнет со материјал од соседните копови. Кога Сојузната изложба на градини се одржала во близина во 2007, дупката требала да биде целосно пополнета и вклопена во новиот пејзаж на Ронебург.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads