Кафе (растение)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кафето (науч. Coffea) е род на цветни растенија чиишто семки, наречени „кафени зрна“, се употребуваат за приготвување на кафе. Растението ѝ припаѓа на семејството броќови и има облик на грмушка или мало дрво, а води потекло од тропските и појужните делови на Африка и Азија. Зрната на кафените растенија се меѓу највредните и најтргуваните стоки во светот и се од големо значење за стопанствата на неколку земји како извозна стока. Листовите и надворешноста на плодовите во некои места служат и како храна.[1]
Remove ads
Одгледување

Црната се добиваат од неколку вида на кафено растение. Дрвата даваат црвени или виолетови бобинки со по две семки, наречени „кафени зрна“. Околу 5-10% од бобинките имаат само по едно зрно кое е помало и поокругло. Ваквите зрна се двојат и се продаваат посебно или се исфрлаат.
Кога се одгледува во тропските земји, кафето станува бујна грмушка или мало дрво и обично достигнува височина од 3–3,5 м. Највеќето стопански видови најдобро успеваат во повисоки предели, но сепак не поднесуваат мраз.
Дрвото на арапското кафе (Coffea arabica) почнува да дава плодови по 3-5 години, и има век на плодност од 50 до 60 години (но се среќаваат и растенија што раѓаат до својата стота година). На гранчињата се појавуваат цветови со опојна миризба, а плодовите узреваат за девет месеци.
Remove ads
Екологија
Кофеинот во кафените зрна е природна состојка што служи како одбрана од брстење, т.е. токсична супстанција што ги штити семките на растението.
Во производството на кафе се познати неколку штетници, меѓу кои се бубата кафебушилка (Hypothenemus hampei) и молецот каферовар (Leucoptera caffeina).
Со ова растение се хранат гасениците на некои видови пеперуги и молци, како што се совицата од видот Dalcera abrasa и членови на родот Endoclita (E. damor и E. malabaricus).
Remove ads
Истражувања
Во 2008 и 2009 г, истражувачите од Кралската ботаничка градина во Кју пронашле седум вида од родот Кафе во планините на северен Мадагаскар, вклучувајќи ги C. ambongensis, C. boinensis, C. labatii, C. pterocarpa, C. bissetiae, и C. namorokensis.[2]
Во 2008 во Камерун се откриени два нови вида на кафе: Coffea charrieriana (не содржи кофеин) и Coffea anthonyi.[3] Намерата е новооткриените видови да се вкрстат со постоечките видови кафе, па така да се добие кафе што ќе врши самоопрашување, а чии зрна нема да имаат кофеин.
Видови
|
|
|
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads