Кахина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кахина
Remove ads

Кахина била берберска кралица, верски и воен водач која го предводела домородниот отпор против арапската исламска експанзија во северозападниот дел на Африка, регионот тогаш познат како Нумидиа. Родена е во почетокот на 7 век и починала кон крајот на 7 век во денешен Алжир. Се смета дека е од мешано потекло: берберски Евреин и византиски христијанин.[1][2]

Кратки факти Кахина, На престол ...

Нејзиното лично име е една од варијантите: Даја, Дехија, Дихја, Дахја или Дамја (со арапски правопис тешко е да се направи разлика помеѓу овие варијанти). Нејзината титулата според извори на арапски јазик е ал-Кахина (свештеничката пророк). Ова беше прекарот користен од страна на нејзините муслимански противници поради нејзината наводна способност да ја предвиди иднината.

Според една легенда таа во својата младост го ослободила нејзиниот народ од тиранин, со тоа што се согласила да се омажи за него, а потоа го убила на првата брачна ноќ.

Кахина изучувала орнитологија која ги преобликувала науката и учењето во Северна Африка. Денес, многу ја возвишуваат поради нејзините откритија и независност.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads