Кахриманли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кахриманли, Кахирманли или Караманли (грчки: Κρεμαστή, Кремасти), до 1927 година (грчки: Καχηρμανλή, Καραμανλή, Кахирманли, Караманли)[2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 92 жители.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа североисточно од Кожани, на еден километар источно од Искуплер, на самиот пат што од Кожани води за Бер.
Историја
За време на Османлиското Царство
Кон крајот на XIX век Кахирманли е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Караманли живееле 55 Турци.[3]
Во Грција
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Кахирманли станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Кахирманли има 84 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 34 семејства и 146 жители бегалци.[5]
Во 1927 година името на селото е променето во Кремасти.
Remove ads
Демографија
Пописи
Движењето на населението по години е следното[6]:
- 1913 – 84 жители
- 1920 – 94 жители
- 1928 – 150 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads