Квалитативна неорганска анализа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Квалитативната неорганска анализа го анализира присуството на некој хемиски елемент или неорганско соединение во еден примерок за анализа.
Идентификација на катјони
1ва аналитичка група на катјони
Во 1вата аналитичка група на катјони спаѓаат: Ag+, Hg2+
2 и Pb2+. Во реакција со групниот реагенс, хлороводородна киселина обично со концентрација од 1–2 M, се таложат како хлориди, кои се нерастворливи во вода.
2ра аналитичка група на катјони
Во 2рата аналитичка група на катјони спаѓаат: Cd2+, Bi3+, Cu2+, As3+, As5+, Sb3+, Sb5+, Sn2+, Sn4+ и Hg2+. Во реакција со групниот реагенс, сулфуроводородна киселина, се таложат како сулфиди.
3та аналитичка група на катјони
Во 3та аналитичка група на катјони спаѓаат: Fe2+, Fe3+, Al3+ и Cr3+. Во реакција со групниот реагенс, амониум хидроксид, се таложат како нерастворливи хидроксиди. Реакцијата се изведува на pH од 8–9, што се постигнува со додавање на пуферски раствор.
4та аналитичка група на катјони
Во 4та аналитичка група на катјони спаѓаат: Zn2+, Ni2+, Co2+ и Mn2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум сулфид во базна средина, се таложат како слабо растворливи сулфиди.
5та аналитичка група на катјони
Во 5та аналитичка група на катјони спаѓаат: Ba2+, Ca2+ и Sr2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум карбонат во базна средина, се таложат како карбонати.
6та аналитичка група на катјони
Катјоните кои остануваат после внимателно одделување на претходните групи се вбројуваат во шеста аналитичка група. Тука спаѓаат: Mg2+, Li+, Na+ и K+.
Remove ads
Идентификација на анјони
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads