Сребро
хемиски елемент од редот на благородните метали From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сребро (симб. Ag, од лат. argentum) — хемиски елемент од редот на благородни метали, во природата се јавува во елементарна состојба како и во своите соединенија. Среброто е најдобар спроводник на топлина и електрицитет од сите елементи.
Remove ads

Remove ads
Опис и својства
Среброто е меко, растегливо и лесно се обработува, што овозможува негово обликување и извлекување во фолија или жица. Денес најчесто се користи во изработка на накит. Среброто има и неколку свои минерали како што се: аргентит (Ag2S), бромаргентит (AgBr) или караргентит (AgCl); кој главно се добива како спореден производ при преработката на руди од други метали. Среброто оксидира на воздух и потемнува.
Remove ads
Употреба
Со оглед на неговите специфични хемиски и физички својства и неговите легури, тоа наоѓа бројна примена во електронската индустрија.
Среброто како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Сребро“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[3]
- „Сребро“ (англиски: Silver) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies) од 1989 година.[4]
- „Среброто е твое“ (англиски: You Got The Silver) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1969 година.[5]
Поврзано
- Соединенија на среброто
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads