Кемер (Штип)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кемер археолошко наоѓалиште во градот Штип. Претставува аквадукт од римско време.

Повеќе информации Основни податоци ...

Во коритото на реката Отиња, на околу 500 м североисточно од градот има остатоци од аквадукт. На десниот брег има стопа навалена на карпест терен, со димензии во основата од 1 × 1,80 м и зачувана височина од 3,40 м. Ѕидана е од кршен камен и хидростатичен малтер, а во горниот дел, каде што започнувала арката, од квадратни и правоаголни тули. На 20 м од неа, односно на левиот брег, има друга стопа со димензии од 2 × 2,40 м, зачувана само во долниот дел. Преку овој акведукт била пренесувана водата собирана од изворите во месноста Суитлак за потребите на градската населба Астибо. На ова упатува и намесничавото постоење на керамички тубули од водоводна инсталација, која по изохипсите на Бело Брдо (Техничка населба) се спуштала до маалото Стар Конак, односно до местото каде што се одредува локацијата на Астибо[1],[2].

Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads