Кемниц (округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кемницер Ланд (германски: Chemnitzer Land) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) округот Митвајда, градот Кемниц, окрузите Штолберг и Цвикау и покраината Тирингија (округ Алтенбург).
Remove ads
Историја
Историјата на областа главно е под влијание на соседните градови Кемници Цвикау. Во средниот век, градот Глаухау, главен град на поранешниот округ, бил центар на земјата Шенбург-Глаухау. Владата на Источна Германија се обидела да го претвори регионот во огромен индустриски комплекс, што е причина за густината на население.
Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Глаухау и Хоенштајн-Ернстал. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Цвикау, Кемниц и урбаниот округ Цвикау биле споени во новиот округ Цвикау.
Remove ads
Географија
Некогаш густо пошумена област, Кемниц сега е високоурбанизиран регион со само неколку зелени области. Реката Цвикауер Мулде тече низ северниот дел на округот.
Грб
![]() |
Лавот е хералдички лав на Саксонија. Црвената и белата лента се преземени од грбот на грофовите на Шенбург-Глаухау. |
Градови и општини
Надворешни врски
- Официјална страница Архивирано на 8 февруари 2008 г. (германски)
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads