Кенгур

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кенгур
Remove ads

Кенгур (науч. Macropus) — најпознатото австралиско животно од семејството на кенгурите (Macropodidae) на родот двопреднозаби (Diprotodontia). За него е карактеристична торбата на стомакот од женката. во овој мек џеб се наоѓа бебето, кое на тој нечин се припива до својата мајка, цица и патува. Мошне распространет е големиот црвен кенгур (Macropus rufus), кој живее во суви, топли предели и за заштита од горештината, активен е ноќе.Во потрага по вода, може да ископа и дупки длабоки и до 1 метар. Се движи на долгите задни нозе, со скокови кои можат да надминат 10 метри. При скоковите, долгата опашка му помага при рамнотежата. Опашката му слуши и како кога застанува да се одмори, а со неа удира по земјата за да ги предупреди другите кенгури на некоја опасност. Предните нозе му се кратки и на нив има остри канџи што ги користи за собирање храна, за четкање на крзното и за одбрана. Впрочем, со само еден удар со шепите кенгурот може да распори куче.

Кратки факти Кенгур, Заштитен статус ...
Remove ads

Распространетост

Кенгурот живее во пустинските и во полупустинските предели на Австралија.

Кенгурот како тема во уметноста и во популарната култура

Кенгурот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Кенгурот и зебрата“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[1]
  • „Кенгур“ (Kangaroo) - песна на американската поп-рок група „Биг стар“ (Big Star) од 1978 година.[2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads