Керчки Проток

From Wikipedia, the free encyclopedia

Керчки Проток
Remove ads

Керчкиот Проток (на руски: Керченский пролив, на украински: Керченська протока, на кримскотатарски: Keriç boğazı), во македонскиот јазик се среќава и како Керчки Теснец или Керчки Мореуз, ги поврзува Црното Море и Азовското Море. Широк е 3.1 до 15 километри и длабок до 18 метри. Името го добива по градот Керч, важно пристаниште, сместен на самиот брег на Керчкиот Полуостров. Протокот го дели Таманскиот Полуостров, во рамките на Краснодарскиот крај, Русија со Керчкиот Полуостров на Крим, спорна територија меѓу Русија и Украина, но денес двата полуострови се поврзани за сообраќај преку Кримскиот мост.

Thumb
Сателитска снимка од Керчкиот Порток од август 2011 година. Бојата на снимката не е целосно природна.
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads