Украински јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Украински јазик
Remove ads

Украинскиот јазик (украї́нська мо́ва) — јазик од источнословенската подгрупа на словенските јазици. Украинскиот е службен и национален јазик на Украина. Украинскиот јазик ја користи кириличната азбука. Тој има некои сличности во однос на зборовниот фонд и граматиката на јазиците од соседните словенски нации, најмногу со белорускиот, полскиот, рускиот и словачкиот јазик. Во групата на индоевропски јазици исто така спаѓаат и романските јазици, германските јазици, келтските јазици, грчкиот јазик, албанскиот јазик и балтичките јазици.[1]

Украински јазик
Кратки факти Украински јазик, Изговор ...

Бројот на говорители на јазикот е приближно 45 милиони, а најголемиот дел од нив живеат во Украина. Јазикот исто така се говори во Белорусија[2], Молдавија[3][4], Полска[5], Русија[6][7], Романија[8], Словачка[9], Казахстан[10], Аргентина, Бразил, Велика Британија[11], Канада[12], САД[13] како и во други држави каде што живеат Украинци. Украинскиот јазик во светот го користат приближно од 40 до 45 милиони личносто; по бројот на говорители е вториот или третиот словенски јазик во однос на бројот на говорители (после рускиот или можеби и, полскиот) а воедно е и третиот во списокот на десетте најзборувани јазици во светот.[1]

Украинскиот јазик го проучува украинистиката. Постојат неколку хипотези околу појавата и формацијата на украинскиот јазик[14] прасловенска[15][16][17], староруска[18][19], јужно руска од X-XI век[20][21] и други. Во денешно време, теориите за заедничкото потекло на јазикот со рускиот јазик се побиени.[1]

Според неодамнешно објавената хипотеза на Тишенко Костантин Миколајович, украинскиот јазик го претставува формирањето на Украинците како етнос, кој се случил помеѓу VI-XVI век поради спојувањето на трите дијалекти на словенските племиња — Полјани, Древљани и Северани за учество на групите на иранското и туркиското стрепно население.[22]. Украинскиот јазик потекнува од стариот источнословенски јазик од старата држава Киевска Русија. Јазикот опстојал и покрај двете забрани за негова употреба од Царска Русија и политичките притисоци за време на доцниот 19 и раниот 20 век; во овие притисоци исто така влијание имала и полската влада. Преживувањето на украинскиот јазик од овие препреки главно се должи на неговата широка употреба од Украинците, како и поради работата на поетите како Тарас Шевченко и Лесја Украинка.

Правилата на украинскиот јазик се воспоставени во украински речници како и украинскиот правопис[23], кои се прифатени од Министерството за образование и наука на Украина. Тие правила се одредени од украински научни лингвистички институции на Националнита академија за науки на Украина, интернационални научни организации, високообразовни институции.[24] Научните институции на националната академија на науки на Украина, се: Институтот на украинскиот јазик НАН Украина (историја, граматика, лексикологија, терминологија, ономастика, стилитика на културата на јазикот, дијалектологија, социолингвистика), Украинскиот јазично-информатички фонд НАН на Украина (компјутерска лингвистика, речници), Институт за лингвистика ОО Потебин НАН Украина (поврзаност на украинскиот јазик со други јазици).

Централниот орган на власта, кој е задолжен за развојот и имплементацијата на државната јазична полиса еминистерството за култура на Украина. Секоја година на 9 ноември во Украина се слави денот на украинската литература и јазик. Овој ден исто така е годишен флешмоб во кој Украинското радио го одржува сеукраинскиот диктат на национално единство кој ги обединува Украинците низ целиот свет околу украинскиот јазик.

Remove ads

Потекло

Кратки факти Украински јазикУкраїнська мова ...

Потеклото на украинскиот јазик може да се проследи преку припадништво на следните лингвистички групи: праиндоевропски јазик, балтословенски јазици, прасловенски јазици, староруски јазик, староукраински јазик и украински јазик.

Remove ads

Класификација

Thumb
Модерните словенски јазици претставени според нивните споредби со другите прасловенски јазици.[25]

За генеолошката класификација, украинскиот јазик припаѓа на источнословенската подгрупа на словенски јазици кои од друга страна припаѓаат на индоевропската јазична група, кои некои академици ја спојуваат со фамилијата на бореалнта суперфамилија. Ностратичната хипотеза не е широко прифатена меѓу лингвистите.[26][27][28]

Генеолошки најблизок јазик до украинскиот е белорускиот.[29][30][31] Почнувајќи од IX сѐ до XI век, двата јазика биле базирани на заедничка дијалектна база, главно северната дијалектна група на украинскиот јазик, играла улога во образувањето на говорниот белоруски јазик и двата народи до XVI век имале заеднички писмен книжевен украинско-белоруски јазик.[32][33][34]

Според типолошката класификација на украинскиот јазик, тој припаѓа на флексивните јазици од синтетичкиот тип.[35] Константин Тишченко, доктор по филолошки науки, верува дека украинскиот јазик во има повеќе граматички и фонетски сличности со горнолужичкиот и белорускиот јазик (29 сличности), долнолижичкиот јазик (27 сличности), чешкиот и словачкиот јазик (23 сличности), полскиот јазик (22 сличности), хрватскиот и бугарскиот јазик (21 сличности), српскиот и македонскиот јазик (20 сличности), мртвиот полабиски јазик (19 сличности), словенечки јазик (18 сличности), отколку со рускиот (само 11 сличности).[25]

Remove ads

Разлика со другите словенски јазици

Украинскиот јазик, има одлики што го зближуваат или оддалечуваат од соседните словенски јазици — како што се полскиот, белорускиот, рускиот, бугарскиот и словачкиот.

На лексички план, најблизок до украинскиот е белорускиот јазик (84% слична лексика), потоа полскиот (70% слична лексика), словачкиот (68% слична лексика) и рускиот јазик (62% слична лексика).[36][37] На пример, споредбено, англискиот јазик е околу 37% сличен со холандскиот јазик, а шведскиот е околу 16% сличен со норвешкиот.

Според Сводешовиот список на словенските јазици, украинскиот е најблизок до белорускиот (190 заеднички елементи од 207), на второ место е рускиот (172 заеднички елементи од 207), и на крај полскиот (169 сличности од 207).

Јазикот има сопствени одлики кои се забележуваат во зборообразувачките модели и се најдобро претставени во лексиката преку таканаречените лексични украинизми.[38]

На фонетски степен украинскиот јазик разликува:[38]

  • најголем број фонеми од сите словенски јазици — 48;
  • најголема фоничност — „чистост“, милозвучност;[39]
  • најголема корелација помеѓу паровите меки и тврди согласки;
  • чиста разлика помеѓу гласовите [ɪ] (кое се пројавува во неговата писмена форма како и) и [i] (кое се пројавува во неговата писмена форма како і) на фонемски степен.

На морфолошки степен во украинскиот јазик:[38]

  • постои постојано зачувана инфлексија на вокативот (за разлика од другите источнословенски јазици);[40]
  • постои истовремента употреба на флексиската варијанта на дативот на именките кои означуваат лица (на пример: директор-у, директор-ові);
  • постојат неколку методи за формирање на формите во идно време: синтетичка (ходитиму) и аналитичка (буду ходити).

Влијание на странски јазици

Украинскиот јазик имал влијание на соседните странски словенски јазици: на полската, руската и белоруската литературна форма. Во многу јазици на светот се користат украинските зборови „гопак“, „козак“, „степ“, „бандура“, „борщ“ (во полскиот се позајмени неколку украински зборови како што се „hreczka“ — гречка, „chory“ — хворий; во рускиот се позајмени „вареники“ — вареники; „пасека“ — пасіка; „бублик“— бублик, „подполковник“ — підполковник, во романскиот „ştiucă“ — щука, „holub“ — голуб; во белорускиот „вагітная“ — вагітна).[41][42]

Исто така украинскиот јазик влијаел на дијалектите на соседните јазици како што се гуторскиот дијалект на донските казаци („злыдарить“ — злидарювати, „кидаться“ — скидатися, „вон зарас гутарить“ — він зараз говорить).[43][44]

Remove ads

Именување

Употребувањето на терминот „украински јазик“ почнал да се користи на почетокот на XVI век, за да го прикаже јазикот на украинските територии на Полско-литванската Државна Заедница. Сепак, до средината на XIX век, главното име кое се користело на јазикот кој што денеска се нарекува украински бил „руська мова“ (мак: руски јазик). Ова започнало да предизвикува збунетост откако Украина се соединила со Царството Русија а подоцна и Руската империја, поради тоа што Русите во XVIII век почнале да го именуваат својот јазик со терминот „русскій языкъ“.

По одреден период на премислување, за време на кој обиди биле направени за да се оддели јазикот кој го користеле Украинците од тој од Русите, терминот „українська мова“ (мак: украински јазик) бил распространет низ украинските територии.

Освен тоа, за време на одреден период се користеле и следните називи:

Remove ads

Историја

Почетни фази: Формација и воспоставување на јазикот

Историјата на украинскиот јазик почнува од прасловенскиот јазик, кој се оформува на почетокот на VI век.[47][48][49]

Некои знаци кои се користат во азбуката на украинскиот јазик потекнуваат од бронзеното доба, а влијание врз украинскиот јазик исто така имале и Старите Грци.[50] Во однос на јазикот, може да се забележат влијанија од различни народи вклучувајќи ги и тие помеѓу Скандинавија и Средна Азија што е одлика за сите словенски народи. Примери како што се зборовите „говорити“ (да зборува), „шолом“ (кацига), „меч“ (меч), или „кнез“ (кнез), потекнуваат од Гота од античкиот период кои на просторот на Украина имале повеќевековна доминација, често и во сојузност со останатите словенски племиња. Зборови како „балакати“ (муабетење), „базікати“ (лупетање) или „мова“ (јазик) доаѓаат од Скита.[51]

Опресија на јазикот

Денешниот краински јазик е резултат на колоквијални старословенски јазици кои се говорело во средновековниот Киев и во блиската околина на просторот на Украина од 10 до 13 век. Во периодот на првата украинска државност, украинскиот јазик бил нарекован како староруски, руски, или според латинскиот назив, рутенски/русински јазик, па уште од тој период имал специфичен развој сврзан за украинското поднебје. Поедноставено, Украинците (Русичи-Русини) во средниот век го говореле украинскиот јазик кој често се именува како „староукраински јазик“. Овие проблеми околу именувањето на украинскиот јазик се појавиле како резултат на сложената историја на Украина, во која Украинците, поради долгогодишната окупација на нивната земја, културни вредности и идентитет, своеволно во 20-от век повремено го прифатиле алтернативното име односно етноним.[52]

Јазикот успеал да се зачува покрај големиот број макотрпности низ кои што поминал поради неговото забранување од страна на полските и руските власти. За време на власта на советскиот Сојуз, бил изложен кон силна русификација, па на пример, во другите јазици (како што е хрватскиот), украинските сопствени имиња биле транскрибирани користејќи ја руската скрипција. За време на Руското Царство, украинскиот јазик претставувал политичка закани па на тој начин покрај забраната се користел и терминот „дијалект на рускиот јазик“. Сепак, разликите помеѓу рускиот и украинскиот јазик се доволно големи за да се спречи чиста и течна комуникација помеѓу народите.

На светско ниво, јазикот е признат од страна на стручните лица.[53] Во рамките на Соевтскиот Сојуз, била широко застапена полисата на русификација со што украинскиот јазик бил нарекуван „архаичен“ и во пракса се сметал за „помалку вреден“.

Remove ads

Распространетост

Географска распространетост

Thumb
Украинскиот јазик во светот. Црвенa: број во милиони. Розова: број во илјади.
Thumb
Украинскиот јазик како мајчин според пописот во 2001.
Thumb
Украинскиот јазик како мајчин во украински области според пописот во 2001.

Во Република Украина, околу 77,8% од народот се Украинци, што во бројки претставува 37,5 милиони луѓе според пописот во 2001 година. Како мајчин јазик, украинскиот го користеле 67,5%, што претставува 32,6 милиони луѓе од населението на Украина. Надвор од областа на Украина живеат околу 7 милиони члена, од кои 3 милиони го користат украинскиот јазик: во Русија (1,8 милино луѓе говореле на украински јазик од вкупниот број на 2,9 милиони Украинци, според пописот во 2002), во Белоруссија (25 илјади од 237 илјади, 1999), во Молдавија (372 илјади од 600 илјади, 1989), во Казахстан (околу 200 илјади од 547 илјади, 1999), во останатите држави на СССР (околу 70 илјади од 270 илјади).[54]

На американскиот континент, од 2 милиони Украинци, околу пола милион го користат украинскиот јазик, исто така има и околѕ 50 илјади во Полска, 57 илјади во Романија, 8 илјади во Словачка, во Чешка и Унгарија околу 4,5 илјади. Во некои држави. Според руските автрори Жовтоброх и Молдован, вкупно во светот украинскиот јазик го говорат околу 36 милиони луѓе.[55] Според пописот од 2001 година, 87.8% од населението на Украина зборува на украински.[56]

Употреба во општеството

Thumb
Напис во киевското метро

Денес украинскиот се користи сè повеќе и неговата употреба се зголемила по долг период на слаба употреба. Иако во светот има околу 50 милиони Украинци, вклучувајќи ги и тие 37,5 милиони во Украина, украинскиот јазик се задржал да се зборува само во западна и централна Украина. Денес во Киев се зборуваат и руски и украински, а во минатото градот бил доминантно руски. Промената на јазикот, од руски на украински, се верува дека е поради миграцијата но и трендот да се користи украинскиот надвор од дома, т.е. за секојдневна употреба. Во јужна и источна Украина рускиот е подоминантен јазик во урбаните центри.

Украински јазик на интернет

Според податоците на мрежата за пребарување наречена Yandex, во есента во 2010 година најголема стапка на пораки во целиот систем била во Тернополската Област — 33%, додека најмалата од само 3,7% била во Крим. Во ова истражување, пораките кои биле напишани на руски и на украински јазик биле сметани за руски.[57]

Во 2010 година бројот на блогери кои пишувале на украински јазик изнесувал 8% (во 2009 година — 7%). Украинскиот јазик го користеле 23 илјади микроблогинг корисници (29% од целиот број, на почетокот на 2010 бројот на украински корисници на платформата Твитер бил 27%), комуницираат исклучиво на украински јазик на Твитер (12,5%, во 2009, 7%).[58]

Постојат неколку пребарувачки мрежи кои имаат украински интерфејс: Google[59], Yandex[60], Bing[61] (од Microsoft), META.[62] и Uaport.net.[63] На 20 март 2012 корисниците на сервисот Twitter станала достапна на бета верзијата на украинскиот интерфејс.[64] Според податоците на ресурсот w3techs.com, од 5 април 2021, украинскиот јазик се напол на 16-то место во светот и покажува брз раст на популарноста.[65][66][67]

По почетокот на Руската инвазија на Украина, употребата на украинскиот јазик на социјалните мрежи значително се зголемил.[68]

Од 14 декември 2023 година, веб-страницата на платформата „Манифест“[69] содржи повеќе од 11.000 канали на YouTube на украински јазик.[70]

Remove ads

Азбука

Официјално украинскиот јазик се пишува само со кирилица, ама во денешно време украинската латиница е многу популарна посебно во содржините на украински достапни на интернет мрежата. Лавовскиот часопис "Ї" има некои делови напишани на латиница.

Видете и: Македонска транскрипција на украинскиот јазик.
Кирилица
А аБ бВ вà 㥠ґД дЕ еЄ єЖ жЗ зИ и
І іЇ їЙ йК кЛ лМ мН нО оП пР рС с
Т тУ уФ фХ хЦ цЧ чШ шЩ щЬ ьЯ яЮ ю
Латиница (Українська Латинка)
A aB bC cĆ ćČ čD dĎ ďE eF fG gH hI i
J jK kL lĽ ľM mN nŃ ńO oP pR rŔ ŕS s
Ś śŠ šT tŤ ťU uV vY yX xZ zŹ źŽ ž
Remove ads

Дијалекти

Thumb
Карта на украинските дијалекти (2005).
  Северни дијалекти
  Југоисточни дијалекти
  Југозападни дијалекти

Во украинскиот јазик постојат неколку дијалекти, како што се:[71][72]

Remove ads

Граматика

Украинската граматика е поим со кој се опфаќаат правописните, морфолошките, синтаксните и семантичките правила и прописи на украинскиот јазик. Украинскиот јазик е синтетички јазик, и граматиката на украинскиот јазик е слична со граматиките на останатите словенски јазици. Украинските именки, како и придавките, имаат род, број и 7 падежи. Украинските глаголи имаат два глаголски вида, 3 времиња и два залога.

Некои украински изрази

Кратки факти
  • Приві́т [Прɪвит] - Здраво
  • До́брого ра́нку [Доброɦо Ранку] - Добро утро
  • До́брого дня [Доброɦо дња] - Добар ден
  • До́брий день[Добрɪј дењ] - Добар ден
  • До́брий ве́чір [Добрɪј Вечир]- Добро вечер
  • Добра́ніч — [Добранич] Добра ноќ
  • До поба́чення [До побачењња]— Довидување
  • Бува́й (неофицијално) [Бувај] - Пријатно
  • Як ся ма́єш? [Јак сиа мајеш] - Како си?
  • Як у те́бе спра́ви - [Јак у тебе справɪ] - Како си?
  • Як ви? [Јак вɪ] - Како сте?
  • Як у вас спра́ви [Јак у вас справɪ] - Како сте?
  • Що ро́биш? [Шчо робɪш] - Што правиш? Како си?
  • Що ро́бите? [Шчо робɪте] - Што правите? Како сте?
  • У(В) ме́не все́(усе́) до́бре [У(В) мене wсе добре] - Добар сум
  • Всього́ найкра́щого [Всиоɦо најкрашчоɦо] - Сѐ најдобро
  • З днем наро́дження! [З днем нароџењња] - Среќен роденден!
  • Дя́кую [Диакују] - Фала
  • Будь ла́ска [Буд ласка] - Молам
  • Ви́бачте! Даруйте! [Вɪбачте, дарујте] - Извинете!
  • Ви́бач! [Вɪбач] - Извини.
  • Ко́тра́ годи́на? [Котра ɦодɪна] - Колку е часот?
  • Ви розмовля́єте? [Ви розмоwљајете] - Дали зборувате ...?
...англі́йською [анɦлијскоју] - англиски
...македо́нською [македонскоју] - македонски
...се́рбською [сербскоју] - српски
...болга́рською [болгарскоју] - бугарски
...гре́цькою [ɦрецкоју] - грчки
...францу́зькою [французкоју] - француски
...німе́цькою [њимецкоју] - германски
...італі́йською [итаљијскоју] - италијански
...іспа́нською [испањскоју] - шпански
  • Так - Да
  • Ні [Њи] - Не
  • Можли́во [Можлɪво] - Можеби
  • Ско́ро поба́чимося [Скоро побачɪмосиа] - Ќе се видиме наскоро
  • Поба́чимося за́втра [Побачɪмосиа заwтра] - Ќе се видиме утре
Remove ads

Наводи

Користена литература

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads