Кетен (округ)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кетен (округ)
Remove ads

Кетен (германски: Köthen) — поранешен округ во средишниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север надесно) Анхалт-Цербст, Шенебек, слободниот град Десау, Битерфелд, Залкрајс и Бернбург.

Кратки факти Кетен, Земја ...
Remove ads

Историја

Во 1603, кнежевството Анхалт-Кетен било создадено, кога кнежевството Анхалт било поделено во пет делови. Во 1655 година, било споено со Анхалт-Плецкау и во 1807 станало војводство. Во 1847 било поеделено помеѓу Анхалт-Десау и Анхалт-Бернбург и во 1853 припоено кон Анхалт-Десау да го формира војводството Анхалт-Десау-Кетен.

Кога во 1863, некои делови на Анхалт се обединиле, округот бил создаден. Најпрвин, округот Dessau-Köthen ја покривал околината околу двата слободни града Десау и Кетен. Во 1950, градот Кетен бил додаден кон округот и бил назначен како негов главен град. Како последица на реформата на окрузите во 2007, областа била припоена кон новиот округ Анхалт-Битерфелд со градот Кетен како негов главен град.

Remove ads

Географија

Округот се наоѓа во Magdeburger Börde, со ниски ридови од морена од последното ледено доба. Реката Елба формира дел од северната граница на округот.

Грб

Thumb Левата половина на грбот покажува крило, кое било симбол на семејството Von Cöthen, кои можеби го основале замокот Кетен во 12-от век. Семејството постоело во 14-от век. Десната срана покажува палма, која е симболот на палмскиот ред (меѓутоа, неговата официјално име било Fruchtbringenden Gesellschaft - друштво за одгледување на овошје). Овој ред бил основан од принцот Лудвиг фон Анхалт-Кетен во 1617 и бил друштво на благородници, научници и поети. Неговата главна цел била грижата за германскиот јазик. Меѓутоа, друштвото престанало да постои во 1680 година.

Градови и општини

Повеќе информации Градови, Заедница на општини ...

Поврзано

  • Кнежевство Анхалт-Кетен
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads