Анхалт-Цербст

From Wikipedia, the free encyclopedia

Анхалт-Цербст
Remove ads

Анхалт-Цербст (германски: Anhalt-Zerbst) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Потсдам-Мителмарк (Бранденбург) и Витенберг, градот Десау и окрузите Кетен, Шенебек и Јерихов.

Кратки факти Анхалт-ЦербстLandkreis Anhalt-Zerbst, Земја ...
Remove ads

Историја

Додека денес Цербст е мал град, тој некогаш заедно со Десау бил еден од двата централни града на Анхалт. Кога државата Анхалт била распуштена во 1603, една од наследничките држави било кнежевството Анхалт-Цербст. Била мала држава со скоро никаква политичка моќ. Во 1793 година, линијата на принцови престанала и Анхалт-Цербст била припоена кон соседното кнежевство Анхалт-Десау.

Сегашниот округ бил основан во 1994, со спојување на претходните окрузи Цербст и Рослау со делови од поранешниот округ Грефенхајнихен. Неговите граници се приближно исто со старото кнежевство.

Катарина II од Русија била престолонаследничка на Анхалт-Цербст.

Remove ads

Географија

Анхалт-Цербст се состои од низини северно од реката Елба. Елба влегува во округот на исток, тече низ југоисточниот дел и потоа ја формира јужната и западната граница на Анхалт-Цербст. Бреговите на Елба во рамките на округот се дел од резерватот Средна Елба. На север се наоѓаат јужните делови на платото Флеминг.

Грб

Thumb Грбот прикажува:
  • горе лево и долу десно: три црвени рози, грб на поранешното кнежевство Анхалт-Цербст
  • средина: црна мечка на црвен ѕид, симболизирајќи го Алберт I Бранденбург (наречен „Алберт Мечка“), кој владеел со областа во XII век
  • горе десно и долу лево: хералдички орел на грофовијата Линдау, кое постоеле во областа во XIV век

Градови и општини

Повеќе информации Градови, Општински заедници ...

Поврзано

  • Кнежевство Анхалт-Цербст

Надворешни врски

52°00′N 12°05′E

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads