Киловат-час
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Киловат-час или киловатчас, (симб. kW·h, kWh и кВтч)[1] — единица за енергија еднаква на 1000 ват-часови или 3,6 мегаџули.

Дефиниција
Киловат-часот е единица за енергија еднаква на еден киловат (1 kW) моќ (електрична работа) потрошен за време од еден час (h).
Обратно земено, еден ват е еднаков на 1 J/s. Еден киловат-час изнесува 3,6 мегаџули, што е количеството енергија добиено од работа што се врши со просечна стапка од илјада вати на час.
Примери
Греалка од 1000 вати (1 киловат) што работи еден час троши еден киловат-час (3,6 мегаџули) енергија.
Една 60-ватна светилка што работи еден час потрошила 0,06 киловат-часови струја. За илјада часа ќе потроши 60 киловати.
Претворање
Именители
Киловат-часот се користи во елекстродистрибуцијата за фактурирање на потрошувачот, бидејќи еден домовите месечно трошат од неколку стотини до неколку илјади киловат-часови. мегават-часови, гигават-часови и терават часови се користат при мерење на големи количества електрична енергија за индустриски капацитети и изразување на производството кај електраните. Во терават-часови (во поголеми земји и петават-часови) се изразува годишното производство на струја на цели земји. На пример, во 2010 г. Република Македонија произведени се вкупно 6 462,3 гигават-часови (6,46 терават-часа) електрична енергија.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads