Кимско Езеро

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кимско Езероmap
Remove ads

Кимското езеро (германски: Chiemsee) е езеро во јужна Германија. Затоашто е и најголемо езеро во Баварија, се нарекува и "баварско море". Трето е по големина во Германија, ама има најголем волумен од сите.

Кратки факти Кимско езеро, Подрачје ...

Како и многу други предалпски езера, ова езеро настанало на крајот на леденото доба, пред околу 10,000 години со топење на еден ледник. Првобитното езеро покривало површина од скоро 240 км2 што е скоро трипати повеќе од сегашното. Притоки на езерото се реките Тиролски Ахен и Пријен, нанесуваат големи количини на песок и земја, а со тоа помалку го затрпуваат. Во послендните 100 години, површината на езерото се смалила за околу 200 хектари. Само езерото, местото Киминг како и целото подрачје Кимгау, носат име по грофот Ким.

Remove ads

Околината на езерото

Најголема притока на езерото е Тиролски Ахен, додека пак најголем остров на езерото е Алц.

Околината на езерото и Кимагу се едни од омилените туристички региони во Баварија. Езерото е познато и по своите острови:

Женски остров (238 хектари): Остров со манастир.
Машик остров (15,5 хектари): Парк со стар дворец (бивш манастир) и новиот дворец Херенкимзе на Лудвиг II кој е копиран од Версајскиот дворец.
Билски остров (3,5 хектари) е ненаселен.

Освен овие, постојат и три многу мали острови:

  • Шалх (22 м2), западно од Женскиот остров
  • два без имиња, островчиња покриени со дрвја, 50 односно 80 метари јужно од Билскиот остров.

[[Слика:Peter von Hess 001.jpg|мини|200п|Слика од Петер фон Хес на Кимскиот острву, во средината на 19 век Во близина се наоѓаат брдата Хохфелн, Хохгерн и Кампенванд.

Езерото е под заштита на интернационалната Рамсарска конвенција.

Северно од езерото пред околу 500. п.н.е., наводно паднала комета (позната како поимот Кимагу импакт).

Remove ads

Изговор на името

Името на езерото исклучително се изговара со почетна буква К.

Галерија

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads