Кинеска астрологија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кинеска астрологија
Remove ads


Кинескиот зодијак е заснован врз циклус од 12 години. Секоја година од тој циклус е именувана според едно животно, а секое животно има различни одлики.

Кинескиот хороскоп го користи кинескиот календар, кој е различен од оној што го користи западната астрологија.

Remove ads

Историја

Европејците отсекогаш биле повеќе заинтересирани за интригантната предвидувачка алатка, „Книгата на промени“ или „И Чинг“, отколку за кинеската астрологија. Релативната географска изолација на Кина го оправдува ова. Но, интересно е дека наталната астрологија се развила во Кина во времето околу преминот кон новата ера, значиво исто време кога на запад ја развиле Грците и Персијците.

Најстариот за нас познат кинески астролог е Веи Нинг, кој е роден меѓу 550 и 589 година, но речиси ништо не е познато за неговиот придонес, ниту за неговите претходници или наследници.[1]

Древните кинески астрономи ги нарекле петте најблиски планети според имињата на петте елементи:

Системот од дванаесет годишен циклус на животни бил создаден според орбитата на Јупитер. Следејќи ја орбитата на Јупитер околу Сонцето, кинеските астролози го поделиле небесниот круг на 12 делови, заокружени во 12 години.

Remove ads

Систем на работа

Годишниот циклус ги содржи петте елементи (дрво, оган, земја, метал и вода) во нивните јин и јанг форми. Годините односно знаците се наречени според 12-те животни: Глушец, Вол, Тигар, Зајак, Змеј, Змија, Коњ, Коза, Мајмун, Петел, Куче и Свиња.

Комбинирањето на сето ова дава 60-годишен циклус, кој започнува со „Јанг Дрвен Глушец“ и завршува со „Јин Водена Свиња“. Годината која завршува со парен број е „јанг“, а со непарен е „јин“. Овој циклус тече на овој начин:

  • Ако годината заршува со 0 тоа е јанг метал.
  • Ако годината заршува со 1 тоа е јин метал.
  • Ако годината заршува со 2 тоа е јанг вода.
  • Ако годината заршува со 3 тоа е јин вода.
  • Ако годината заршува со 4 тоа е јанг дрво.
  • Ако годината заршува со 5 тоа е јин дрво.
  • Ако годината заршува со 6 тоа е јанг оган.
  • Ако годината заршува со 7 тоа е јин оган.
  • Ако годината заршува со 8 тоа е јанг земја.
  • Ако годината заршува со 9 тоа е јин земја.

Кинескиот зодијак го следи кинескиот календар, каде Нова година не е на 1 јануари како што е случај со грегоријанскиот календар. Според тоа, некој што е роден во јануари или на почетокот на февруари, според кинескиот хороскоп се смета како да е роден во претходната година.

Табела на кинеските знаци

Нареднава табела го содржи еден 60-годишен циклус, од 1924 - 2043 година.

Забелешка: Кинеските симболи во табелата за знаците се користат само во астрологијата.

Повеќе информации Година, Симболичен ...
Remove ads

Петте елементи

Главна статија: Петте елементи

Според теоријата на „Ву сјинг“, структурата на вселената ги одразува петте елементи. Секој елемент има серија од сложени асоцијации. Доктрината на петте фази во себе содржи два циклуса: создавање и уништување. Тоа се циклусите на балансирање, кои претставуваат јин и јанг – премин на енергијата од добро во зло.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads