Киселица (Делчевско)
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Киселица — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
За други истоимени места, погледајте Киселица (појаснување).
Remove ads
Географија и местоположба

Киселица се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се сместени на надморска височина од 710-870 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10,5 км2. Од Делчево е оддалечено околу 15 км.[2]
Историја
Во почетокот на XX век, Киселица било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција. Обработливото земјиште во селскиот атар зафаќа површина од 373 ха, пасиштата се на површина од 343 ха, а на шуми отпаѓаат 250 ха.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Киселица живееле 122 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 144 жители Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0598 според Државната изборна комисија, кое е сместено во здружениот дом.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[14]
Remove ads
Културни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Богословец — старохристијанска црква
- Дупките — могила од римско време
- Могилка — населба од доцноантичко време
- Пештера — населба од неолитско време
- Чукутин Дол — могила од римско време
- Градиште — сакрален објект од доцноантичко време[16]
- Киселичка Пештера — населба од бронзено време[16]
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — стара црква
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — нова црква
- Пештери[17]
- Киселичка Пештера — пештера во близина на селото
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads