Кислев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кислев (хебрејски: כִּסְלֵו) — третиот месец од граѓанскиот[1] и деветтиот месец од верскиот еврејски календар.
Во обична (кесидранска) година, кислев има 30 дена, но поради правилата за одложување на Рош ашана, во некои години месецот има еден ден помалку, и годината „кратка“ (хасерска). Кислев е есенски месец кој се совпаѓа со ноември-декември во грегоријанскиот календар и понекогаш се нарекува „месец на сништата“. Називот „кислев“ го добил од акадскиот поим кислиму, што значи „згнуснат, згрутчен“ поради обилните дождови. Меѓутоа, зборот може да води потекло и од хебрејскиот корен К-С-Л, како во поимите „кесел, кисла“ (надеж, позитивност) или „ксил“ (соѕвездието Орион кое е особено сјајно во текот на овој месец) — поради очекувањето на дождовите.
Remove ads
Празници во кислев
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads