Класика де Сан Себастијан 2011
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Класика де Сан Себастијан 2011 било 30. издание на Класика де Сан Себастијан, еднодневна велосипедска трка. Се одржала на 30 јули, на растојание од 234 километри, почнувајќи и завршувајќи во Сан Себастијан, во Баскија, Шпанија. Била осумнаесетта трка од сезоната во Светската турнеја.
Слично на неговите напади во последните километри на Арденските класици претходно во годината, возачот на Омега Парма-Лото Филип Жилбер забрзал во последните 4 преостанати километри[1] на трката и го достигнал, а подоцна и го поминал возачот на Рабобанк Карлос Баредо. Баредо не можел да го држи ритамот на Жилбер и така Жилбер остварил предност од десет секунди на крајот, обезбедувајќи ја четиринаесеттата победа во сезоната.[2] Баредо, победникот од 2009, завршил втор на крајот со спринт пред Грег ван Авермат за Верандас Вилемс-Аксент.[3]
Remove ads
Екипи
Бидејќи трката се одржува под покровителство на светската турнеја, сите осумнаесет ProTour тимови се поканети автоматски. Три дополнителни вајлдкарти биле дадени на – Андалусија-Каха Гранада, Каха Рурал-Сегурос РГА и Геокс-ТМЦ – да ја оформат групата од 21 екипа.
Екипите кои учествувале на трката биле:
|
|
Екипите се состоеле од осум возачи и 168 возачи стартувале на трката. Трката се одржала само една недела по завршувањето на Тур де Франс 2011 и многу возачи кои учествувале на трката, ја успориле самата трка.
Remove ads
Резултати
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads