Светска турнеја на UCI
сезонска велосипедистичка турнеја From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Светска турнеја на UCI (2009–2010: Светски ранкинг на UCI) — најважна годишна велосипедска друмска турнеја за мажи, поставени над различните континентални турнеи. Во турнејата влегуваат 38 трки и, до 2019 година, годишен систем за пласмани заснован на резултатите од овие трки. Светскиот ранкинг бил започнат во 2009 и во 2011 бил споен целосно со неговиот претходник UCI ProTour.
UCI WorldTeam екипите мора да учествуваат на сите трки кои биле дел од турнејата пред проширувањето во 2017 година.
Remove ads
Историја
Сè до крајот на 2004, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) ги одржувал и Светскиот друмски ранкинг, во кои се наградувале резултатите на сите тие трки и Светскиот друмски куп, кој се наградувал врз основа на резултатите во десет одбрани еднодневни настани. Двата настани биле заменети од сезоната во 2005 од UCI ProTour и континенталните трки UCI. Меѓутоа, споровите помеѓу UCI и АСО, организаторите на Тур де Франс и другите класици и на крај со организаторите на Трките околу Италија и Шпанија, значело дека од 2008, ProTour бил претставен како ранг-метод, како единствен за монументалните настани и трите други класици, кои остануваат под покровителство на UCI. Како резултат на тоа, Светскиот ранкинг на UCI бил воведен, спојувајќи ги резултатите од двете ProTour и другите престижни настани.[1]
На почетокот на 2011, ProTour и Светскиот ранкинг биле повторно целосно споени.[2] Системот за рангирање бил ребрендиран како 'Светска турнеја', додека 'ProTeam' [3] бил задржан како категорија за регистрирање на професионалните тимови. Сите ProTeam екипи добиваат автоматски влез на настаните од Светската турнеја.
И покрај што завршиле втори во екипниот пласман во 2012 година, Катјуша првично биле одбиени за место во сезоната 2013.[4] По жалбата во Арбитражниот суд за спорт им била вратена лиценцата во февруари 2013 година, пропуштајќи ја трката Тур Даун Андер 2013.[5] Иако, UCI претходно изјавиле дека враќањето на Катјуша ќе предизвика одземање на лиценца на друга екипа, на крајот објавиле дека ќе има 19 екипи во една сезона.[6] Во 2015 година имало само 17 екипи, откако немало пријавени за 18. место.
За сезоната 2017, UCI додала 10 нови настани во календарот, со што вкупниот број се искачил на 38. Новите настани биле: Трка околу Калифорнија, Трка околу Катар (која подоцна пропаднала), Трка Абу Даби, Трка околу Турција, Дварс дор Вландерен, Омлоп хет Ниусблад, Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, Класик Лондон-Сари, Трка околу Франкфурт и Страде Бјанке.
Во 2019 година, Три дена Де Пане (еднодневна трка, иако името го задржало описот на поранешниот формат) била додадена на календарот, а Трката Абу Даби откако се споила со Трката Дубаи, била преименувана како Трка ОАЕ. Светската турнеја престанала да биде систем за рангирање, откако била заменета од Светскиот пласман.
Remove ads
Настани (од 2019 г.)
Светската турнеја на UCI се состои од 37 настани. Овие настани се сочинети од:
- Три големи трки
- Пет монументални еднодневни трки
- Десет други етапни трки во Европа
- Тринаесет други еднодневни трки во Европа
- Една етапна трка во Австралија
- Една етапна трка во Обединетите Арапски Емирати
- Една етапна трка во Кина
- Една еднодневна трка во Австралија
- Две еднодневни трки во Канада
Во 2009 и 2010, само возачите за ProTour екипите и професионалните континентални екипи добивале бодови. Кога е национален настан, во трката учествува и некоја нерегистирана UCI екипа и неговите членови добивале бодови. Во 2011, се сменија правилата и сега само возачите од ProTeam имаат право да добиваат бодови.
Од 2012 до 2015 година, екипниот хронометар на Светското првенство придонесувал со бодови единствено во екипниот пласман.
Remove ads
Екипи
Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2021 година се следниве:
Резултати
Поединечен пласман
Екипен пласман
Национален пласман (до 2016 г.)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads