Клечевце (археолошко наоѓалиште)
археолошко наоѓалиште во Клечовце, Кумановско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клечевце или Клечовце — археолошко наоѓалиште во селото Клечевце, Кумановско. Претставува осамен наод од римско време.
На крајот од XIX век во реонот на селото била откриена мермерна ара (жртвеник или олтар) со димензии 77 × 38 × 33 см, во горниот дел оштетена и со латински натписи на предната и на двете бочни страни. Арата ја подигнал некогашниот царски роб Аполонид откако преминал на служба во пограничната станица Ламуд, со што го исполнил дадениот завет од времето кога бил контраскриптор во местото Визијан(а), што веројатно се наоѓало во атарот на ова село.[1] Во чест на ова древно место е наречена денешната фабрика за минерална вода „Визијана“, сместена на север од селото.
Remove ads
Поврзано
- Јачински Пат — населба од римско време
- Калиште — населба од железно време
- Орловац - Рамниште — тврдина од доцноантичко време
- Црквиште — ранохристијанска базилика и римска бања
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads