Калиште (Клечевце)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Калиштеархеолошко наоѓалиште кај селото Клечевце, Кумановско. Претставува населба од железното време. На околу 2 км североисточно од селото, а на 12,5 км источно од Куманово се издига висок рид што доминира над полето Рамниште (на источната страна), како и над утоката на Крива Река во Пчиња. Има плато во облик на неправилен триаголник кое стрмно паѓа кон северозапад, со висинска разлика од 35 м, на источната и југозападната страна заштитено со насип од земја.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...

Археолошки наоди на платото на Калиште нема, меѓутоа во поројните бразди што допираат до подножјето на ридот се среќаваат фрагменти од керамички садови, едни со орнаменти изведени со радла, сите од железното време II на Македонија.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads