Клингентал

From Wikipedia, the free encyclopedia

Клингенталmap
Remove ads

Клингентал (германски: Klingenthal) — град во округот Фогтланд, во сојузната покраина Саксонија, југоисточна Германија. Се наоѓа спротивно од границата со Чешка и чешкиот град Краслице, 29 километри југоисточно од Плауен и 33 километри северозападно од Карлови Вари.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Клингентал во рамките на округот Фогтланд ...

Ашберг („планината пепел“) се издигнува над градот на 936 метри. Исклучително издолжениот град, 10,5 километри од еден до друг крај, е опкружен со бројни шуми на елки.

Градот е поделен со реките Дебра и Цвота. овие две реки се спојуваат на чешко-германската граница и ја создаваат реката Сватава, која потоа се влева во реката Охрже кај Соколов.

Remove ads

Историја

Во 1591 година, Себастијан Кепел основал мелница близу границата со Бохемија на бреговите на Цвота со цел да ги искористува богатите резерви на железо и огромните површини на дрво, обете потребни за градежни материјали. На 1 февруари 1602 година се споменува „Хелхамер“ („Höllhammer“) во црковниот регистар на соседниот град Шенек. Во тоа време тука живееле рудари, ковачи и обработувачи на јаглен. Во 1628 година, мелницата била запалена и само делумно била обновена.

Во средината на XVII век, бохемиските емигранти бегале од контра-реформацијата и го донеле занаетот за правење лејти во Клингентал, кој — по Вестфалскиот мир — бил безбедно прибежиште за протестантите.

Во 1716 година било прославено создавањето на еснафот на произведувачите на лејти. Кон крајот на XVIII век, пристигнуваат и произведувачите на гудала и жичени инструменти, но исто така и производството на дрвени и дувачки инструменти. Во 1829 година, започнало производството на харфи, а во 1852 година на хармоники. Во втората половина на XIX век, производството на харфи, хармоники и други посложени инструменти го заменило дотогашното производство на помали инструменти.

Во 1875 година, Клингентал бил поврзан со железница.

На 1 октомври 1919 година, Клингентал ги добил градските права. На 1 јули 1950 година, Заксенберг-Георгентал бил припоен кон градот.

На 25 јули 1952 година, делови на поранешните окрузи Ауербах и Елсниц биле одземени со цел да се создаде округот Клингентал. Од 1949-1990 година, Клингентал бил седиште на VEB Klingenthaler Harmonikawerke, државна компанија која била главен произведувач за хармоники, армоники и електронски инструменти во Источна Германија.

На 1 април, Милајтен, населба на северозападните падини на Ашберг била припоена кон градот.

Од 1996 година, Клингентал е дел од новосоздадениот округ Фогтланд. За разликување на Клингентал (Долна Рајна, името на градот било Klingenthal/Sa. (Sa. стоело за Саксонија). Со одлука на советот на градот, додатокот Sa. бил отстранет во јануари 2007 година. Оттогаш, името на градот е само Klingenthal.

Remove ads

Стопанство

Додека традиционално, градот е производствен центар на музички инструменти, исто така е и скијачки центар. Една од главните економски дејности на Клингентал е туризмот. Тој е дом на барокната Zum Friedefürsten.

Во 2005 година била пуштена во употреба Фогтландарена и тука се одржуваат натпревари во Светскиот нордиски куп и Светскиот куп на скијачки скокови. Веќе бил национален центар за скијачки скокови во текот на Источна Германија.

Remove ads

Познати жители

  • Макс Хес (1878–1975) — музичар
  • Ернст Ибел (1882–1959) — композитор и музичар
  • Карлхајнц Штајнмилер — физичар и глумец

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads