Охрже

From Wikipedia, the free encyclopedia

Охржеmap
Remove ads

Охрже (германски: Eger, чешки: Ohře, Oharka или Ohara, келтски: Agara, полски: Ohrza) — река средна Европа со вкупна должина од 316 км. Од нив, на Германија отпаѓаат 65 км, а на Чешка — 251 км), каде е притока на Елба (Лаба). Сливното подрачје зафаќа 6.255 км2, од кои 5.614 км2 се во Чешка, а 641 км2 во Германија. Ова е трета најголема река во Чешка.

Исто така, постои и река Оре во северна Германија.
Кратки факти Охрже, Местоположба ...
Thumb
Извор на Егер (Охрже)

Изворот на реката се наоѓа во Баварија на подножјето на планината Шнеберг во масивот Фихтел близу градот Вајсенштат. Егер тече низ „Езеро Вајсенштат“ и градовите Реслау, Марктлојтен и Хоенберг, каде ја напушта Германија. По околу 35 километри, Егер (немојте да бидете збунети со градот во Унгарија), како што реката е наречена на германски, ја поминува границата со Чешка и тече низ делови на Бохемија, кои до 1945 биле познати како Егерланд. Реката ги поминува градовите Хеб, (германски: Eger, како реката), Карлови Вари, Клаштерец на Охрже, Кадањ, Жатец, Лоуни и Терезин пред да се влее во реката Елба во Литомерице.

Неколку окрузи во Германија и Чешка создале иницијативе за еврорегион, именуван како Еурегио Егренсис за побрза соработна во регионот Егер/Охрже/Хеб.

Remove ads

Потекло на поимот

Постои чешка игра на зборови дека Охрже го добила нејзиното име од реката Teplá (означувајќи „топла“ на чешки) - „ohřát“ значи „да се згрее“. Меѓутоа, вистинското потекло, кое исто така се појавува во германското име, е келтско од Agara („Река Лосос“). Податоците покажуваат дека името како Agara, Agira, Agra во 800-тите и Egire, Egra или Ogra во 1000-тите и Eger во 1472.[1]

Теорија за Охрид

Друга теорија тврди дека поради тоа што постои Охридско Езеро во Македонија, словенските племиња кои се населиле на Балканот, особено во Македонија околу Охридското Езеро, потекнувале од областа каде Охрже се наоѓал и така поради сличната природа го нарекле езерото во јужна Македонија со името Охрид.

Тек

Најголем обем на проток се случува во пролет. Просечниот проток на реката на устието е 37,94 м³/с. Долниот дел на рекаа тече низ области со ниски просечни врнежи во Чешка (помалку од 500 мм).

Употреба

Охрже главно е користена за наводнување и хидроенергија. Постојат две брани: Скалка (изградена во 1962–1964, површина 378 ha) и Нехранице (изградена 1961–1968, површина 1338 ha). Реката тече низ следниве важни градови: Хеб, Соколов, Локет, Карлови Вари, Остров, Клаштерец на Охрже, Кадањ, Жатец, Лоуни, Либоховице, Будине на Охрже, Терезин и Литомерице.

Притоки

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads