Клучка (Скопје)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Клучка или Хиподромархеолошко наоѓалиште во источниот дел на населбата Хиподром во Општина Гази Баба, Скопје. На местото најдена е некропола од доцнобронзеното време, како и населба од средниот век.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Откривање

При изградбата на новата траса на автопатот Скопје-Катланово-Велес (А4), од северната страна на клучката што ги издвојува патиштата за Куманово (А2) и за Катланово (А4)[1], при копањето на заштитниот канал се најдени гробови со кремирани покојници погребани во урни. Во текот на 1989/90 г. е извршено заштитно ископување во загрозениот дел на наоѓалиштето при што се откриени вкупно 11 гроба — урни, а исто така и остатоци од средновековна населба.

Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads