Кнежевско Езеро
вештачко езеро во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кнежевско Езеро (познато и како Езеро Кнежево) — вештачко езеро во близина на кратовското село Кнежево, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]
Браната на езерото е подигната на Злетовска Река.[1]
Remove ads
Местоположба

Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на Кнежево, сместено на голема надморска височина од 1.020 метри. Езерото е долго 3 километри, широко 150-200 метри и со најголема длабочина од 70 метри. Зафаќа површина од 0,8 км2.[2]
Самата околина на езерото е главно шумска и живописна. Над езерото се наоѓаат високите делови на Осоговските Планини, а низводно се наоѓа атрактивната клисура на Злетовска Река.[2]
Remove ads
Опис
Брана
Браната е каменонасипна со вкупна височина од 75 метри.[1]
Историја
Езерото е создадено со преградување на Злетовска Река со каменонасипна брана кај селото Кнежево во 2010 година.[2]
Употреба
Акумулацијата Кнежево било изградено најмногу за задоволување на потребите за водоснабдување на жителите на повеќе општини од Источниот регион, но во следните фази е предвидено акумулацијата да се користи и за наводнување и за производство на електрична енергија.[1]
Галерија
- Брана на езерото
- Поглед на езерото
- Крак на езерото
- Објекти кај браната
- Поглед на езерото
- Ракав на езерото со едно од маалата на истоименото село
Поврзано
- Кнежево
- ХС „Злетовица“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads