Ковачево

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ковачевоmap
Remove ads

Ковачево (бугарски: Ковачево) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Свети Врач (Сандански) на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Кратки факти Ковачево, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Ковачево се наоѓа во планински регион, на 19 километри источно од Сандански, административниот центар на општината и 66 километри на југоисточно од Благоевград.

Историја

Рана историја

Во близина на селото Ковачево биле откриени останки на населба од раниот неолит.[3]

Отоманско Царство

Црквата „Пресвета Богородица“ била изградена во текот на 14 век, и била обновена во 17 - 18 век. Во селото се наоѓа и капелата „Свети Димитар“ од 17 век, која била обновена во 19 век[4] а црквата „Свети Атанасиј“ била изградена кон крајот на 18 и почеток на 19 век.[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година во Ковачево (Kovatchévo) имало 100 домаќинства и 330 жители Македонци.[6] [7]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[6][8]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[9]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[10]

Број на население
Вкупно18
Бугари18
Турци-
Роми-
Останати-
Не се определиле-
Без одговор-
Remove ads

Личности

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads