Кожани (округ)
округ во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кожани (грчки: Περιφερειακή ενότητα Κοζάνης) — округ во Егејска Македонија (денес Грција), дел од периферијата Западна Македонија. Зафаќа површина 3.516 км2
Има население од 156.807 жители. Денес најголемиот дел се Грци, но има и Македонци, Власи и др. Административен центар е градот Кожани кој воедно е и најголем и главен град на целата периферија Западна Македонија.
Се граничи на север со Постол, на запад со Костур, на северозапад со Лерин, на исток со Иматија и Пиерија, на југ со Гребен и на југозапад со Лариса во Тесалија.
Remove ads
Општини
Округот Кожани се дели на 5 општини, тука наведени со нивните бројки на картата.
Демографија
Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 17 населени места и сочинуваат околу 8% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 12.000 Македонци.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads