Иматија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иматија (грчки: Ημαθία) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Бер. Подрачјето на округот се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Берско“. Денешниот округ е именуван по долномакедонската област Ематија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Remove ads
Географија
Североисточниот дел на Иматија, заедно со долното течение на реката Вистрица ја образуваат огромна плодната рамнина Урумлак, позната произведува по одгледувањето на овошни култури како праската и јагодата. Голем дел од населението живее на ова подрачје, каде се наоѓаат градовите Гида и Бер. Иматија има и мал брег на Солунскиот Залив околу устието на Вистрица. Западниот дел на округот е планински. Највисока планина е Каракамен, која се издига на 2.052 м кај Негуш. Јужно од Бистрица, во јужниот на Иматија се протегаат и делови од планината Шапка. Иматија административно се граничи со окрузите Пиерија на југ, Кожани на запад, Постол на север и Солун на исток. Има претежно средоземна клима со топли суви лета и благи врнежливи зими.
Remove ads
Општини
Округот Иматија се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[1]
Демографија
Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 27 населени места и сочинуваат околу 15% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 20.500 Македонци.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads