Колешински Водопад

From Wikipedia, the free encyclopedia

Колешински Водопадmap
Remove ads

Колешински Водопадводопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.

Кратки факти Колешински Водопад, Место ...

Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот Водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот средиштен слив.

Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите што секојдневно доаѓаат тука. Во просек Колешинските Водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема.

Сабота и недела за време на викендите таа бројка може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачка способност тоа би било многу повеќе бидејќи и во работните денови би останеле гостите тука. Накратко кажано, потенцијал за развој на туризмот веќе постои — вели Петар Спасов, градоначалник на Општина Ново Село.

Remove ads

Галерија

Remove ads

Надворешни врски

41.3686°N 22.8069°E / 41.3686; 22.8069 (Колешински Водопад)

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads