Комбе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Комбе
Remove ads

Комбе — вид затворена автомобилска каросерија направена да носи товар, понекогаш со можност за превоз на патници (од 8 до 10).[1] Товарниот простор на комбињата е одделен од просторот за патници со преграда, иако понекогаш може да недостасува. Овој вид каросерија вклучува патнички автомобили што немаат задно стакло, а задниот простор обично е затворен.[2] Се разликува и по висината на каросеријата и недостатокот на тапацир во задниот дел. Подот обично е засилен со штампи за носење тешки товари. Понекогаш може да се користи страничната лизгачка врата за товарење. Комбето е еден од главните видови каросерија на патнички автомобили. Комбињата се користат за превоз на пекарски производи, мебел, готова облека и обувки, ткаенини и сл. Комбињата се делат на малотонажни и среднотонажни.[3]

Thumb
Форд транзит кастом — комбе со низок покрив
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads