Камионетка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Камионетка
Remove ads

Камионетка[1] или пикап[2] (англиски: pickup truck, pickup) — лесно товарно возило (мал камион) со отворен товарен простор и со ниски странични (преклопни или не) страни и задна врата. Се заснова на теренските возила, кои имаат отворен товарен простор прикачен на патничката кабина. Камионетките можат да бидат со еден или два реда седишта и да возат на сите или само на задните тркала.[3][4]

Thumb
Камионетка

Во зависност од трговиштето, камионетките можат да се разликуваат по големината, конфигурацијата на кабината и товарниот простор, снагата на влечење, моторот и шасијата. Во Северна Америка и Азија, повеќето камионетки имаат поцврста шасија, долга помеѓу пет и шест метри. Во Јужна Америка, Европа и другите развивачки области, има помали камионетки, со самоносечки каросерии, кои се засноваат на патнички автомобили од Б-сегментот, долги околу 4,5 метри. Американските и азиските камионетки обично се со преден мотор, со погон на задните тркала или со погон на четири тркала, додека европските камионетки, засновани на компактни возила, се со погон на предните тркала.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads