Комодор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Комодор
Remove ads

Комодор (англиски: Commodore) — воен чин на офицерскиот состав на поморските сили во различни земји. Тоа е над чинот капетан (1. чин, англ. Captain) и под чинот контраадмирал (англ. Rear Admiral).[1]

Thumb
Ознака за чин на комодор во Кралската воена морнарица на Обединетото Кралство.

Познати носители

  • Метју Пери Калбрајт — американски воен и политички деец, офицер и комодор во Воената морнарица на САД. Учествувал во Англо-американската војна (1812–1815), Втората берберска војна (1815) и Американско-мексиканската војна (1846–1848). Бил еден од реформаторите на Вооружените сили на САД, поради што го добил прекарот „татко на парната флота на САД“. Успешно спровел дипломатска мисија во Јапонија (1852–1854), која завршила со потпишувањето на Канагавскиот договор — првиот договор меѓу изолационистичка Јапонија и САД. Во американската историографија традиционално се смета за личноста што ја „отворила“ Јапонија кон Западниот свет.
  • Урија Филипс Леви — првиот Евреин во историјата на САД што го добил чинот комодор.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads