Комо (езеро)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Комо (италијански: Lago di Como или Lario) — езеро од ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Зафаќа површина од 146 км2 и со тоа е трето по големина во земјата, по Гарда и Маџоре. Со своите 410 м ова езеро е едно од најдлабоките езера во Европа и самото дно е 200 м подморска височина.
За други значења на поимот, погл. Комо (езеро) (појаснување).
Езерото има многу интересен облик: како превртена буква „Y“. Северниот ракавец почнува од градот Колико, додека градовите Комо и Леко се наоѓаат на краевите на југозападниот, односно југоисточниот ракавец. Малите гратчиња Белаџо, Менаџо и Варена се наоѓаат кај крстопатот помеѓу трите ракава на езерото: ти се поврзани, меѓу другото, со тригајолна бродска превозна служба.
Во голем дел езерото го полни реката Ада, која се влева близу градот Колико а истекува кај градот Леко. Ова значи дека југозападниот ракавец е всушност слеп завршеток бидејќи Комо, за разлика од Леко, често се поплавува. Убавината на езерото и околината привлекува многу богати луѓе и ѕвезди каде тие имаат вили.
Remove ads
Името на езерото
Вистинското италијанско име на езерото е Lario, но ова име ретко се употребува; Обично езерото се нарекува Lago di Como', што значи „Езеро Комо“.
Крајезерски населени места


Remove ads
Поврзано
- Вила дел Балбијанело
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads